Мај тиар (музичка група)

Мај тиар, оригинално (My tear) — македонски рок бенд кој е формиран во 2018 година.[1]

Мај тиар
My tear
ПотеклоСкопје, Македонија
ЖанровиИнди рок, Њу вејв
Период на активност2018–денес
ИздавачиБалкан Велики
Корпус деликти
Мреж. местоhttps://www.facebook.com/mytearmytear/
Членови
Дени Крстев
Кристијан Лафазановски
Ненад Трифуновски - Трипе
Поранешни членови
Васко Атанасоски
Мартин Митевски

Бендот My Tear настанал кога бендот Фонија едноставно го сменил своето име. Причината била новиот звук на групата што одеднаш прерасна од панк-рок во инди, њу вејв. Во пет години постоење и двегодишна пауза, групата ги има зад себе песните „Остави ме да бидам“, „Последниот Дедо Мраз“ (заедно со Петар Младеновски од Суперхикс) и „Лаги шарени“, кои исто така дојдоа до првите топ-листи на популарните радиостаници во Македонија. „Остави ме да бидам“ била 3 недели на врвот на табелата на Антена 5 и Радио Бубамара и е прогласен за сингл на годината (2018) од култното инди-радио Канал 103.

Имаат три официјални видеа (режија: Горјан Атанасов и Милан Блажевски), две EP-изданија, албумот „My Tear“ (2019) објавен на винил за записи на Балкан Велики и Корпус деликти и европска турнеја зад себе.

Во 2023, My Tear се Дени Крстев, Кристијан Лафазановски и Ненад Трифуновски - Трипе.

My Tear го најавуваат и својот нов албум и материјал наскоро со ексклузивна изведба на надоаѓачкото издание на #ZdravoMladi 13! Наш личен хит: Човек од стакло.

Наводи

уреди
  1. „My Tear - Здраво млади“.