Список на мајански богови и натприродни суштества

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Мајански бог)

Ова е список на мајански богови. Листата е воглавно преземена од книгите од Чалам Балам, лакандонската етнографија и Попол Вух.

Забелешка: Во листата ќе забележите повеќе богови за едно нешто, како на пример има повеќе богови на небото. Тоа е така бидејќи тие припаѓаат на различни мајански народи, не се сите заеднички богови. Покрај заедничките, секоја мајанска етничка група имала свои специфични богови, иако посветеноста е иста кај сите.
Акан
Бог на вино.
Ах Чуј Как
Бог на војна.
Ах Килиз
Бог на Сончевото затемнување.
Ах Мун
Олицетворение на Мајанскиот Бог на пченката.
Ах Музенкаб
Бог на пчелите.
Ах Пеку
Бог на молњите.
Ах Пуч
Бог на смртта.
Ах Табај
Бог на ловот.
Ах Ук Тикаб
Бог на Земјата.
Ахау Чамахез
Бог на медицината и доброто здравје.
Ахиб
Еден од тринесеттите богови-создавачи кој помогнал во создавањето на човекот.
Ахцак
Еден од тринесеттите богови-создавачи кој помогнал во создавањето на човекот.
Акна
Значи „наша мајка“, Божица на плодноста и раѓањето.
Алом
Бог на небото.
Бакаб
Стар Бог на внатрешноста на земјата и на молњата.
Балам
Бог кој ги заштитува луѓето.
Битол
Бог на небото.
Болон Цакаб (Ѕакаб)
„Ах Болон Ѕакаб“ „Безбројни генерации“, Бог на молњите и заштитник на семето.
Болонтику
Група на девет подземни богови.
Булук Чабтан
Бог на војната.
Вотан
легендарно божество.
Вукуб-Какуиш
Моќен демон во подземјето.
Гукумац
Бог-змија и создавач.
Екчуах
Заштитник на војниците и трговците.
Зак Кими
Бакаб од западот.
Зипакна
Демонска презентација на Земјината кора.
Ицамна
Основач на мајанската култура, го научил народот да сее пченка и какао, да пишува, да создаде календар и да ја изучува медицината.
Ицананохку
Бог-заштитник на Лакандонците.
Ишбаланке > Шбаланке
Ишчел
Божица на медицината.
Ишмукане
Еден од тринаесеттите богови кој го создал човештвото.
Ишпијакок
Еден од тринаесеттите богови кој го создал човештвото.
Иштаб
Божица на самоубиството.
Ишазалуох
Божица на водата.
Јалук
Еден од големите мопански 'дедовци' на земјата и главен бог на молњите.
Јум Каш
Бог на шумите, дивата природа и ловот.
Кабракан
Бог на планините и земјотресите.
Какоч
Бог-создавач.
Камазо
Бог-лилјак
Кан Цикнал
Бакаб од северот.
Кит-Болон-Тум
Бог на медицината и лекувањето.
Чималмат
Џин
Кизин
Бог на смртта.
Колел Каб
Господарка на пчелите
Колоп у Уичкин
Божество на затемнувањето.
Којопа
Бог на молњата.
Кум Хау
Бог на смртта и на подземјето.
Кахолом
еден од вториот сет богови-создавачи.
Кауил
Се тврди дека е името на класичниот Бог К.
Кинич Ахау
Сончево божество.
Кинич Какмо
Сончево божество.
Нохочакјум
Бог-создавач, најважен бог кај Лакандонците. Името во превод значи „Нашиот вистински Господ“.
Ошлахунтику
'Тринаесет Богови', можно да е Бог на небото.
Тепеу
Бог на небото и еден од создавачите на човештвото.
Тохил
Кичко име на Хуракан и бил нивен заштитник.
Хачакјум
Славен од Лакандонците и тој е нивен заштитник.
Хобнил
Бакаб од истокот.
Хозанек
Бакаб од југот.
Хун Каме
Демонски господар на подземјето (Шибалба).
Хун Хунахпу
Татко на мајанските херои-близнаци Ишбаланке и Хунахпу.
Хунаб Ку
„Единствен бог“, ист како и Ицамна.
Хунахпу
Еден од Мајанските херои-близнаци.
Хунахпу-Гутч
Еден од тринаесеттите богови кој го создал човештвото.
Хунахпу Утиу
Еден од тринаесеттите богови кој го создал човештвото.
Хун-нал-је
Хипотетичко читање на глифот на името на класичниот Мајански бог на пченката
Хуракан
„Едноног“, еден од тринаесеттите светли богови.
Чак
Бог на дождот и молњата.
Чак Уајаб Шок
Бог-риба и заштитник на рибарите.
Чикчан
Група од четири богови на дождот, која живее во вода.
Шаман Ек
Бог на патниците и трговците.
Шбаланке
Еден од браќата близнаци.
Шмукане и Шпијајок
Двајца богови-создавачи кои помогнале при создавањето на човештвото.

Поврзано

уреди