Маузер 98
Маузер 98 (Mauser 98) — германска пушка репетирка, создадена од Пол Маусер во 1898 година. Оваа пушка исто така била негов најуспешен проект. Пушката се покажала како многу сигурна, со издржлива и едноставна конструкција, а од 1898 година до денес, врз основа на системот M98 се произведени над 100 милиони пушки, како спортски, така и воени модели.[1]
Маузер 98 се користел за време на Првата и Втората светска војна, како и во многу други конфликти низ целиот свет. За време на Втората светска војна, германскиот Вермах ја употребил Кабин Маузер верзија на K98.
Историја
уредиФабриката Маузер, основана од страна на браќата Пол и Вилхелм Маузер, има стекнато репутација како една од најдобрите фабрика за оружје во 19 век, и се одржувала до крајот на Втората светска војна. По војната, компанијата останала во Западна Германија и се занимавала главно со големо калибарски оружја (авионски топови, итн.). Прва пушка Маузер кој била одбележана како „Маузер M1871“, била во рацете на српската армија.
Во следните години компанијата Маузер се нашла во сериозни финансиски проблеми и на работ на егзистенција, а ја спасувале само купувањата од странство, пред сè од најдобрите клиенти на Маузер, како Србија, Шпанија, Турција и некои земји од Јужна Америка. Враќањето на Маузер назад на сцената ја означило конструкцијата на пушката M1890 со калибар 7.65 x 53 mm, кои главно се произведувале во Белгија.
Наводи
уреди- ↑ „Mauser model 98 (Germany)“ (англиски). take-off.
Надворешни врски
уреди„Маузер 98“ на Ризницата ? |
„Маузер 98“ на Ризницата ? |