Маска на Агамемнон
Маската на Агамемнон е златна погребна маска од бронзеното време, откриена во Микена, јужна Грција. Маската, изложена во Националниот археолошки музеј во Атина, е опишана од историчарката Кети Гир како Мона Лиза на праисторијата“.[1]
Маската на Агамемнон | |
---|---|
Маската се чува во Музејот на Атина | |
Материјал | злато |
Создаден | 1550–1500 п.н.е. |
Откриен | 1876 at Микена, од Хајнрих Шлиман |
Сегашна локација | Музеј на Атина |
Германскиот археолог Хајнрих Шлиман, кој го открил артефактот во 1876 година, верувал дека го пронашол телото на микенскиот крал Агамемнон, водач на Ахајците од античкиот грчки еп за Тројанската војна, Илијада. Современите археолошки истражувања сугерираат дека маската датира од околу 16 век п.н.е., односно околу 300–400 години пред периодот на митската Тројанска војна.
Откривање
уредиШлиман ја нашол златната погребна маска во 1876 година, во гробница означена како Гроб V, на локалитетот во Микена.[2] Вкупно осум мажи биле откриени во кругот на гробот,[2][3] сите имале оружје во гробовите,[4] но само пет имале маски, кои биле во гробот IV и гробот V.[3]
Количествата на злато и внимателно обработените артефакти укажуваат на чест, богатство и статус на погребаниот. Маската на Агамемнон била именувана од Шлиман по легендарниот грчки крал Агамемнон од Хомеровата Илијада.
Маската на Агамемнон била создадена од еден дебел златен лим, загреан и зачукуван на дрвена позадина, а деталите се додадени подоцна со остар алат.[5] По неговите откритија на локацијата, Шлиман го известил грчкиот крал Ѓорѓи I.[6] Приближно до крајот на својот живот, археологот ги прифатил сомнежите за вистинскиот сопственик на маската и е цитиран како рекол: „Значи, ова не е Агамемнон. ... ова не се негови украси? Во ред, да го наречеме Шулце.“[7]
Автентичност
уредиВо втората половина на 20 век и почетокот на 21 век, автентичноста на маската била формално доведена во прашање, првенствено од Вилијам Калдер III и Дејвид Трејл.[1] Списанието „Археологија“ објавило серија написи во кои се претставени двете страни на дебатата.
Застапниците на аргументот за измама тврдат дека снаодливиот Шлиман можел да ја направи маската според општиот модел на другите микенски маски, и да најде можност да ја постави на локалитетот за да се „открие“ при ископувањето.
Бранителите посочуваат дека ископувањето било затворено на 26-27 ноември поради неделен празник и дожд. Не било дозволено повторно да се отвори додека Стаматакис ја обезбедил работата со веродостојни сведоци. Трите други маски биле откриени дури на 28 ноември, а маската на Агамемнон била пронајдена на 30 ноември.
Втората критика се заснова врз стилот на изработката, бидејќи маската на Агамемнон се разликува од трите други маски на повеќе начини: таа е тродимензионална наместо рамна, едно од влакната на лицето е исечено, наместо врежано, ушите се исечени, очите се прикажани како и отворени и затворени, со отворени очни капаци, со линија на затворени очни капаци низ центарот, самото лице има целосна зашилена брада со тенки мустаќи, устата е добро дефинирана (во споредба со рамните маски), веѓите се формирани на два лака наместо на еден.
Одбраната презентирала претходни аргументи дека обликот на усната, триаголната брада и деталите на брадата се речиси исти како гривата и прамените на златниот ритон со глава на лав од гробот IV.
Современите археолошки истражувања сугерираат дека маската е вистинска, но датира од периодот пред Тројанската војна,[8] а според други, маската потекнува уште порано, приближно 2500 години п.н.е.[9]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Gere 2011.
- ↑ 2,0 2,1 Gates, Charles (2003). Ancient Cities: The Archaeology of Urban Life in the Ancient Near East and Egypt, Greece, and Rome. Routledge. стр. 133. ISBN 978-0-415-12182-8.
- ↑ 3,0 3,1 Komita, Nobuo (1982). „The Grave Circles at Mycenae and the Early Indo-Europeans“. Research Reports of Ikutoku Technical University (A-7): 59–61.
- ↑ Neer, Richard T. (2012). Greek Art and Archaeology: A New History, c. 2500 – c. 150 BCE. Thames & Hudson. стр. 48. ISBN 978-0-500-28877-1.
- ↑ Biers, William R. (1987). The Archaeology of Greece: An Introduction. Ithaca, N.Y.: Cornell University Press. ISBN 0-8014-9406-0. OCLC 15317806.
- ↑ Harrington, Spencer P.M.; Calder, William M.; Traill, David A.; Demarkopoulou, Katie; Lapatin, Kenneth D.S. (1999). „Behind the Mask of Agamemnon“. Archaeology. 52 (4): 51–59. JSTOR 41779424.
- ↑ Salomon, Marilyn J. (1974). Great Cities of the World 3: Next Stop... Athens. The Symphonette Press. стр. 14.
- ↑ Salomon, Marilyn J. (1974). Great Cities of the World 3: Next Stop... Athens. The Symphonette Press. стр. 12.
- ↑ Salomon, Marilyn J. (1974). Great Cities of the World 3: Next Stop... Athens. The Symphonette Press. стр. 101.
Литература
уреди- Gere, Cathy (2011). The Tomb of Agamemnon. Harvard University Press. ISBN 978-0-674-06824-7.
- Behind the mask of Agamemnon Архивирано на 10 април 2011 г., July/August 1999
- Is the Mask a Hoax? Архивирано на 24 март 2011 г. op. cit.
- Insistent Questions Архивирано на 11 март 2011 г. op. cit.
- The Case for Authenticity Архивирано на 11 март 2011 г. op. cit.
- Not A Forgery. How about a Pastiche? Архивирано на 12 август 2012 г. op. cit.
- Epilogue Архивирано на 8 август 2012 г. op. cit.
Надворешни врски
уреди- Маска на Агамемнон на Ризницата ?
- Analysis by Dr. Steven Zucker and Dr. Beth Harris in Smarthistory