Маскара е често употребувана козметика за нагласување на очите, здебелување, продолување и/или дефинирање на трепките. Вообичаено е во течна, кремаста или кашеста состојба. Модерната маскара има неколку состави, но како си да е, сите се со исти основни состојки, масла, восоци и конзерванси.

Пакување за маскара и четка во облик на стапче.

Дефиниција

уреди

Англискиот речник Колинс Collins ја дефинира маскарата како : "козметичка состојка за потемнување,обојување и здебелување на трепките, која се нанесува со четкичка или стапче". Англискиот речник Оксфорд Oxford додава дека по потреба маскарата може да се нанесува и на веѓите.

Потекло на поимот

уреди

Не е сосема познато потеклото на зборот маскара, но најверојатно потеклото се заснова од шпанскиот збор mascara што значи маска или дамка(извалкано) и од италијанскиот збор maschera што значи маска. Речникот Оксфорд Oxford исто така наведува алтернативна каталонска дефиниција која опишува саѓи или црна дамка, или има корени од португалски збор со конотација на дамка(флека) или замачканица. Има дури силна поддршка за можен извор од збор од Арабија, зборот maskharah или buffoon.

Историја

уреди

Естетскиот украс е културолошки општоприфатен и маскарата може да се евидентира во античиот Египед. Записи уште од 4000 п.н.е покажуваат дека постоела супстанца наречена kohl (сенка за очи) која се користела за затемнување на трепките,очите и веѓите. Оваа сенка за очи се употребуваше за заштита од злите духови и заштита на душата, носена од мажи и жени. Често составена од галенит,малахит и дрвен јаглен или саѓи, мед, а беше додавана и вода, за да не може сенката да се разлее. Преку влијание од Египед, употребата на сенка за очи продолжи во Вавилонската ,Грчката и Романската империја. По падот на Римското Царство, сенката за очи престана да се употребува на европскиот континент, каде што беше сметана само како козметика, додека пак продолжи да се користи на Блискиот Исток за религиозни цели. Во западната култура, шминката остана да се смета за одвратна и груба (навредлива), сè до Викторијанската ера. За време на Викторијанската ера, социјалното мислење радикално се промени преку промоции за козметиката и се знаеше дека жените го поминуваат поголемиот дел од денот окупирани со разубавување. Беа направени големи напори за да се создаде илузија за долги и темни трепки. За да го постигнат ова, Виктроријанските жени направија еден вид на маскара во нивните домови. Тие, на чинија ја згревале мешавината од пепел или црна боја (добиена од саѓи) и сок од боз и потоа ја нанесувале смесата на нивните трепки. Производот кој денес луѓето го препознаваат како маската не бил развиен сè до 19 век. Хемичар со име Јуџин Римел (Eugene Rimmel) ја разви козметиката користејќи го ново-измисленото желе од петролеј (нафта). Името Римел (Rimmel) стана синоним со состојата, па така и денес значи исто со “маскара” на италијански, поругалски,холандски,турски,романски и персиски јазик. Низ Атлантскиот Океан во приближно исто време, во 1913 г. човек со име Т.Л Вилиамс (T.L Williams) создаде забележително слична супстанца за неговата сестра Мабел(Mabel). Подоцна, во 1917, Т.Л Вилиамс започна бизнис по нарачка од производот кој прерасна во компанијата Мејбилајн Maybelline. Овие двајца мажи ја развија маскарата која се состои од нафтено желе и јаглен во пропорционален сооднос. Тоа беше неверојатно неуредно, па така наскоро се разви подобра алтернатива. Со четката за мачкање се нанесуваше сапун и црна боја во еднакви количини. Но, уште беше многу неуредно. Ниту еден значителен напредок не се појави сè до 1957-та год. со иновацијата на Хелена Рубинштајн (Helena Rubinstein). Настаните кои водеа до напрдокот на Рубинштајн започнаа во Париз во почетокот на 1900-тите години. Таму, во главната престолнина на модата, маскарата брзо се здоби со популарност и честа употреба. Елизабет Арден (Elizabeth Arden) и Хелена Рубинштјн(Helena Rubinstein), два гиганти во американската индустрија за убавина, го следеа секој чекор на својот развиток. По Првата светска војна, американските потрошувачи станаа желни за нови производи. Насетувајќи ја можноста, двете, Рубинштајн и Арден започнаа свои трговски марки на козметички производи кои ја вклучуваа и маскарата. Преку напорите на двете соперници и јавната природа, маскарата конечно се здоби со углед и корист во американското општество. Пронаоѓањето на фотографијата и подвижните слики ја популаризираа маскарата и нејзината употреба надвор од Америка. На подвижните слики посебно се рекламираа нови стандарди за убавина и сексапил. Познати глумици на класичната кино ера, како што се Теда Бара (Theda Bara), Пола Негри (Pola Negri), Клара Боу (Clara Bow), Грета Гарбо (Greta Garbo), Марлен Дитрих (Marlene Dietrich), Бете Давис (Bette Davis) и Џин Харлоу (Jean Harlow), на нивните гламурозни настапи зависеа силно од маскарата, на што се угледаа и останатите жени.

Состојки

уреди

Зголемената побарувачка за маскара водеше до развој на многу состави кои се видливи на денешниот пазар. И покрај многуте видови, сите ги содржат основните состојќи: бои, масла и восоци. Пигментацијата за црна маскара е слична со онаа употребена од Египќаните и Викторијанските жени. Се употребува јаглеродно црна боја, неместо саѓи или пепел. Деривати на катран и јаглен се строго забранети. Кафеавите маскари се обојуваат со употреба на железни оксиди, иако некои компоненти се уникатни за секоја марка. Во некои маскри, дополнително се додава син ултрамарин. Има повеќе разновидност кај маслата кои се користат. Раслични минерални масла, ленено масло,лицинус,масло од евкалиптус,ланолин и масло од терпетин можат да се најдат меѓу многуте формули. Сусамовото масло исто така се среќава често. Восоци кои често се среќаваат во маскарата се: парафин и пчелин восок. За посакуваните ефекти од маскарата важни се различните варијанти на состојките. Најосновниот ефект е дали маскарата ќе биде водоотпорна или не. Водоотпорните маскари имаат состоки кои ја отфрлаат водата, како што е dodecane. Маскарите кои не се отпорни на вода имаат основни состојки кои се растворливи со вода. Маскарите направени за продолжување или виткање на трепките, често содржат најлон или вештачка свила.

Производство

уреди

Кои состоки се избираат исто така зависи од како е произведена маскарата. Денес има два основни методи за производство. Првиот е познат како безводен. Во овој метод, сите восоци, масла и бои се мешаат,загреваат и истовремено се протресуваат во формулиран сооднос. Резултатот е полуцврста супстанца која е готова за да се амбалажира, пакува, превезувана и продавана. Вториот метод е познат како емулзија. Овој метод исто така резултира со полуцврста супстанца, но постапката во голема мера се разликува. Во овој метод, прво се комбинираат водата и згуснувањето. Посебно, восоците и емулгаторите се мешаат и загреваат. Потоа, поеднинечно во двете смеси се додава пигментот. На крај,се се меша во хомогена смеса, која делува како активатор со голема брзина за да добро ги измеша маслата, водата, восоците и емулгаторите, состојки кои природо се отпорни една на друга.

Сигурност

уреди

Затоа што кометиките слободно се регулирани од ФДА,за разгледување на состојките, староста, па така тоа е препорачливо и за користењето на маскарата. Супстанца се смета за козметика доколку се употребува во комбинација со телото на начин на кој не ја старее структурата на телото и неговата функција. Ова остава голема доза на слобода во индустријата за убавина при формулирање на козметиката. Секако, има некои хемикалии кои екплицитно се забранети за вклучување во козметиката. Како исклучок, живини соединенија може да се користат како конзерванс во шминка за око, па така по потреба се најде и во маскарата. Постои одредена загриженост за одредени состојки кои се најдени во маскарата откако се откри дека може да предизвикаат рак кај глувци и едни други состојки кои се познаци како високо отровни за човечкото тело или лесно испарливи течности. И покрај овие вознемирувачки факти, тие постојат во мали количини во маскарата и нивното присуство не е поврзано со негативно влијание на здравјето. Правилна употреба ана маскара вклучува отстранување на тубичката и четката по четири до шест месеци. Маскарата треба да се фрли доколку забележиме дека мириса различно,чудно или особено луто. Тоа е малку веројатно и невообичаено, но во маскарата може да растат бактерии. Поради ова и од природата на оваа употреба, луѓето кои употребуваат маскара се изложени на мал рисик да добијат инфекции на очите или конјунктивност, но оваа појава е ретка. Многу почесто се случува да се развие јачменче или уште почесто, потечени очни капаци. Јачменчиња и потечени очни капаци се класифицирани како алергиски реакции. Алергиските реакции може да бидат предизвикани од кои било од компонентите на маскарата, па така често се препишуваат: метилпарабен, алуминиум во прав, бутипарабен или бензин алкохол.

Психологија

уреди

Во култури кој ја идеализираат младоста (најповеќе Западните култури), одржување на младоста стана општествен приоритет. Одликите на дете: меки образи, тркалезно лице, мека кожа, големи очи, напрчено носе и кратка брада често се идеализирани. Маскарата помага, имено за визуелно зголемување на очите. Маскарата ги извлекува трепките од работ на окото со што создава очи како срна, односно пошироко отворени очи. Широки очи културно се изедначени со младоста, што потсвесно е поврзана со невиноста. Невиноста и младоста предизвикуваат заштитнички инстинкти, како и чувства на привлечност.