Маскапаича
Маскапаича (шпански: Mascapaicha) била кралска круна на императорот на Тавантинсују или попозната како Империјата на Инките. Маскапаичата била кралски симбол која го носел само Сапа Инката, односно кралот под титулите Крал на Куско и Сапа Инка на Тавантунсују. Круната била составена од округла волнена ткаенина со златни нишки и со пердуви од корекенке. Оваа круна се сметала за најскапоцен предмет во Империјата.
Наводи
уреди- Gustavo Pons Muzzo, Historia del Peru, Editorial Universo S.A., Lima 1981.(шпански)