Мазерати

(Пренасочено од Масерати)

Масерати (италијански изговор: [mazerati]) е италијански производител на луксузни и спортски автомобили, основан на 1 декември 1914 година во Болоња, додека централата сега се наоѓа во Модена. Во својата историја, оваа фабрика за автомобили имала повеќе сопственици, меѓу кои се Цитроен, Де Томазо, Ферари-Масерати, во 2005 година Масерати се одвоила од Ферари и се споила со компанијата Алфа Ромео под раководство на Фиат.

Седиштето на компанијата

Историјат на компанијата

уреди

Браќата Масерати биле во автомобилската индустрија од почетокот на 20 век. Компанијата е основана на 1 декември 1914 година во Болоња под називот - Società Alfieri Maserati. Од почетокот работилницата се занимавала со преработка на автомобили Isota Fraskini за трки. Потоа, фирмата започнала соработка со Дијато, за кој Алфиери, Блиндо и Ернесто правеле дволитарски тркачки автомобили. Дијато во 1926 година, поради економски проблеми, прекинал да произведува тркачки автомобили, а браќата Масерати го направиле својот прв сопсвен автомобил „Tipo 26“. Со некои од првите нивни автомобили, Алфиери освоил во 1926 година трка за издржливост „Targa Florijo". Масерати почнал да произведува тркачки автомобили со 4, 6, 8 и 16 цилиндри, а уште еден од браќата Масерати , Марио, кој бил уметник, приднесол на компанијата така што тој за логото предложил „Нептунов трозабец". Алфиери ја водел Масерати до крајот на животот до 1932 година, а од тогаш неговите тројца браќа, Биндо, Ернесто и Еторе продолжиле да произведуваат тркачки автомобили кои победувале на трките.

 
Браќата Масерати

Во 1937 година браќата Масерати го продале својот преостанат дел на фамилијата „Adolfo Orsi“, која во 1940 година ја преместила централата на компанијата во нивниот роден град Модена, каде што е до ден денес. Браќата Масерати продолжиле со инженерската работа во фабриката, успесите на трките продолжиле и против германските автомобили, Мерцедес и другите. Во 1939 година Масерати 8CTF добил Indianopolis 500, а тој подвик се повторил во следната година.

Наводи

уреди
  • Tabucchi, Maurizio (March 2003). Maserati: The Grand Prix: Sports and GT Cars Model by Model, 1926–2003. ISBN 88-7911-260-0.