Масакр во Битола (1903)

Масакр во Битола - масакр извршен врз Македонци во Битола во почетокот на септември 1903 г., од страна на албанскиот башибозук.[1] Масакрот се случил како последица на Илинденското востание.

Американска статија која го спомнува масакрот

Настан

уреди

Според американскиот весник The Daily Item, албанските башибозук, под команда на османлиската власт, масакрираа стотици жители од Битолско. Според изворот, битолската река Драгор била полна со тела на жени и деца кои биле масакрирани од албанските башибозук.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Turkish Irregular Troops Are Charged With Atrocious Cruelties“. The Daily Item. 2 September 1903. стр. 2.