Масакр во Долно Јаболчиште
Масакрот во Долно Јаболчиште е колеж извршен од бугарската војска и полиција врз албанското население од велешкото село Долно Јаболчиште. Настанот се случил на 24 октомври 1942 година, една недела по масакрот во Богомила. Во масакрот биле убиени единаесет селани.[1]
Настан
уредиВо потрага по Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, бугарската војска и полиција на 24 октомври 1942 година во раните утрински часови влегле во селото. Војниците ги извлекувале селените од куќите и ги собрале сретсело. Од селаните војниците барале да им кажат каде се кријат партизаните и кои се нивни симпатизери и ги обвинувале дека го помагаат партизанскиот одред. При тоа жестоко се пресметале со селаните. Биле тепани и осакатени повеќе лица, а десетина селани, меѓу кои и жени, деца и старци, биле дел искасапени или стрелани, а дел живи фрлени во запалените плевни.[2] И покрај теророт, никој од селаните не ги предал партизаните.
Жртви
уредиУбиени биле следните лица:[1]
- Расим Јусуфов Абазов (роден 1930 година, 12-годишен)
- Јусуф Абазов Мамудов (роден 1910 година, 32-годишен)
- Мионе Џемаилова Абазова (родена 1884 година, 58-годишна)
- Аџима Абазова Муратова (родена 1890 година, 52-годишна)
- Абаз Мамудов Муратов (роден 1881 година, 61-годишен)
- Бејтула Шабанов Мусов (роден 1914 година, 28-годишен)
- Шукри Фазлиов Елмазов (роден 1900 година, 42-годишен)
- Деар Џемаилов Исаков (роден 1875 година, 67-годишен)
- Беџет Џаферов Мустафов (роден 1908 година, 34-годишен)
- Изет Љатифов Фејзов (роден 1880 година, 62-годишен)
- Анифе Нафија Ибраимова (родена 1870 година, 72-годишна)
Во спомен на масакрот
уредиВо спомен на масакрот во средината на селото се подигнати два споменика на кои се испишани имињата на убиените. Покрај тоа, постои и низа од десет посебни плочи за загинатите во масакрот.
Наводи
уредиЛитература
уреди- „Вардарски глас“, 11 октомври 1979, 7 стр.; 18 април 1982, 14 стр.; 21 октомври 1987, 11 стр.
- Здравко Савески, Мариглен Демири „Национализмот во(н) контекст“, Скопје, 2014, 72-75 стр. Архивирано на 29 октомври 2015 г.
- „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 924 стр.