Мартин Вајнек
Мартин Вајнек ( 1964) е Австриски актер, производител на вино и претприемач, најповеќе познат по својата улога во телевизиската серија Инспектрот Рекс (како инспектор Фриз Кунц). Тој исто така е производител на вино во Австрија.
Мартин Вајнек | |
---|---|
Мартин Вајнек (десно) со Каспар Капарони | |
Роден(а) | Мартин Вајнек |
Занимање | актер, претприемач |
Сопружник | Ева Вајнек |
Мартин Вајнек студирал драматургија од 1983 до 1986.
Од 1986, има играно улоги во Group 80 во театарот во Виена како и помала улога во филмот Nachsaison (After-season), каде ја игра улогата на лифтбој.
Покрај со глумата, Вајнек се занимава и со винарство заедно со неговата сопруга Ева. Ева претходно исто така има работено како драматург. И двајцата започнале да се занимаваат со винарство како хоби во 1993 година. Тие имаат винско лозје на површина од 3 хектари близу Хејлингенбрун.
Филмографија
уреди- 1989: Calafati Joe (тв серија)
- 1999-2004, 2008- : Инспектрот Рекс (тв серија)
- 2004: Silentium
- 2005: Grenzverkehr
- 2006: Unter weißen Segeln (Епизода Träume am Horizont)
- 2007: Die Rosenheim-Cops (Епизода Liebe bis zum Ende)
Надворешни врски
уреди- Martin Weinek на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Link ORF Архивирано на 11 јуни 2011 г. (германски)
- Weinek als Weinbauer, His Wine Production Архивирано на 29 септември 2007 г. (германски)
„Мартин Вајнек“ на Ризницата ? |