Марко Крале и Вуча џенерал

Марко Крале и Вуча џенерал (српски: Марко Краљевиһ и Вуча џенерал) - српска епска (јуначка) песна.

Содржина уреди

Во градот Варадин пукаат топовите зашто генералот Вуча ги заробил војводите Милош од Поцерје, Милан Топлица и Иван Косанчиќ. Од затворот, Милош му испраќа писмо на својот побратим Крале Марко, барајќи да го спаси. Марко веднаш заминува во Варадин и го поставува шаторот пред тврдината. Изутрината, него го здогледува снаата на Вуча и го известува свекорот за необичниот јунак. Генералот Вуча го испраќа синот Велимир, заедно со 300 војници, да го зароби непознатиот јунак, но Марко ги убива војниците и го заробува Велимир. Тогаш, Вуча собира 3 000 војници, но Марко ги победува и нив и го заробува генералот Вуча. Потоа, Марко се враќа во Прилеп со двајцата заробеници, а сопругата на Велимир му испраќа писмо со молба да ги ослободи заробениците. Марко се согласува под услов таа да ги ослободи тројцата затворени војводи и да им даде големо богатство. Потоа, тројцата војводи одат во Прилеп каде го делат богатството со Марко.[1]

Осврт кон песната уреди

Песната „Марко Крале и Вуча џенерал“ прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од ајдукот Тешан Подруговиќ.[2]

Наводи уреди

  1. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 108-116.
  2. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 488.