Маракеј
Маракеј (кирибатски: Marakei) е атол кој е дел од Гилбертовите Острови. Атолот се наоѓа во Кирибати. Атолот е составен од два острова кои се одделени од два тесни канала. Во средината се наоѓа лагуна која на одредени места е длабока. Вкупната површина на атолот е 13.5 км2. Каналите кои ги делат островите се наречени Баретоа и Равета. Главено село на атолот е Раванави.
Села
уредиСообраќај
уредиАтолот е поврзан со останатокот од земјата по морски пат. На атолот се наоѓа и малиот Аеродром Маракеј, кој се наоѓа во северниот дел од островот.