Мандалорците се фиктивно население на планетата Мандалор во филмската франшиза „Војна на ѕвездите“ од Џорџ Лукас. Идејата за Мандалорците потекнува од „Империјата го возвраќа ударот“. Таму за првпат се појавуваат како белите „супер-командоси“, за потоа идејата да се развие во ликот на Боба Фет, ловец на глави. Иако терминот „Мандалорец“ не се користи во филмовите, популарноста на Боба Фет беше инспирација за натамошните обработки во франшизата на „Војната на ѕвездите“.[1]

Луѓе облечени како Мандалорци

Во телевизиската серија „Војните на клоновите“, Мандалорците се прикажуваат како човековиденен вид, обединет со заединички јазик и кодекс на честа. Тие се една од најстарите цивилизации во галаксијата на „Војната на ѕвезите“, која постои илјадници години пред дејствието во филмовите. Во тој период тие се оформуваат како воинствен и горд народ, посветен на освојувања.

Создавање и развој уреди

Во продукцијата за Империјата го возвраќа ударот (1980), Ралф МекКвари и Џо Џонстон дизајнирале оклоп наменет да го носат војници опишани како супер-командоси (Сторм-трупери) од системот „Мандалор“, вооружени со оружје вградено во бели костуми и познати по борбата против Џедаите.[2] [3] Првично, војниците биле наречени Супервоини и изгледале сосем исто. Во конечната верзија, тие ќе прераснат во ликот, Боба Фет, ловец на глави. Костумот бил преработен, но задржал елементи како што се ласери на зглобовите, ракетни пикада и ракета на грбот за летање.

Разработка на идејата уреди

Приказната за Мандалорците за првпат била опширно дадена во изданијата на оригиналната серија на Марвел КомиксВојна на Ѕвездите“, вклучувајќи ги стриповите од „Dark Horse“ и видео игрите на LucasArts .

Војна на Ѕвездите: Втора епизода - Напад на клоновите (2002) го воведува ловецот на глави Џанго Фет, кој исто така носел мандалорски оклоп, клон татко на неговиот посвоен син Боба Фет. Кога во 2014 година Дизни го купил „Лукасфилм“, постоечките спин-оф материјали беа прогласени за неканонски. Само спин-оф дела произведени по 25 април 2014 година, се дел од реконструираниот канон,[4] вклучувајќи и телевизиски серии како „Војните на клоновите“, „ Бунтовниците “ и „Мандалорец“ .

Легенди уреди

Литература уреди

Идејата за Мандалорците првпат била обработена кај Марвел. Боба и Фен Шиса биле меѓу првите заштитници на планетата Мандалор. Тие се двајцата од вкупно тројца преживеани во војната на клоновите, во која тие се бореле на страна на императорот Палпатин.

Во Приказните за Џедите, каде настаните се случуваат илјадници години пред случувањата во филмот Војна на ѕвездите, Мандалорците се најголемата воена сила на страната на Сит во војната против Џедаите, а нивниот водач ќе биде изманипулиран од Сит да започне војна против Републиката. Тие ќе бидат поразени со помош на Рејвн и Малак, а Рејвн ќе се погрижи Мандалорците никогаш повеќе да не се обединат под водство на еден владател. Тие ќе се разединат како народ и ќе станат платеници.

Планетата Мандалор уреди

Мандалор е измислена планета, дом на мандалорскиот народ. Месечината на Мандалор се вика Конкордиа, каде ќе бидат протерани мандалорските воини. Оттаму потекнува Џанго Фет и други мандалорски карактери.

Во Војната на клоновите, Мандалор е ненаселена планета, опустошена од војната со Џедаите. Мандалорците изградиле градови, co згради со кубистички дизајн и мурали кои личат на Герниката на Пабло Пикасо. Идејата за ваков изглед на планетата потекнува од Лукас.

Наводи уреди

  1. Filoni, Plunket & Aron 2010.
  2. Johnston, Joe; Rodis-Jamero, Nilo (1980). The Empire Strikes Back Sketchbook. New York: Ballantine Books. стр. 69. ISBN 978-0-345-28836-3.
  3. Windham & Ling 2000.
  4. „The Legendary Star Wars Expanded Universe Turns a New Page“. StarWars.com. April 25, 2014. Посетено на May 26, 2016.

Извори уреди

  • Windham, Ryder; Ling, Josh (2000). Aurra Sing: Dawn of the Bounty Hunters. San Francisco: Chronicle Books. ISBN 978-0-8118-2912-0.
  • Filoni, Dave; Plunket, Killian; Aron, Joel (2010). Creating Mandalore (DVD). Lucasfilm. Event occurs at 0:20–1:52.CS1 maint: (link)
  • Hsu, Melinda (January 29, 2010). "The Mandalore Plot". Star Wars: The Clone Wars. Season 2. Episode 12.CS1 maint: (link)
  • Gilroy, Henry; Hopps, Kevin (January 27, 2016). "The Protector of Concord Dawn". Star Wars Rebels. Season 2. Episode 12.CS1 maint: (link) 
  • Filoni, Dave; Plunket, Killian; Aron, Joel (2010). Creating Mandalore (DVD). Lucasfilm. Event occurs at 0:20-1:52.CS1 maint: (link)

Надворешни врски уреди