Манастир Завала
Манастир Завала припаѓа на захумско-херцегoвската и приморска епархија, дел е од Српската православна црква.[1]
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа во истоименото село во источниот дел на Попово поле, во подножјето на ридот Острог[2], на околу 50 км западно од Требиње. Посветен е на Воведувањето на Пресвета Богородица. Црквата од северната страна е вовлечена во пештера.
Историја
уредиНе постојат сигурни извори за тоа кога и од кого е изграден манастирот. Според народните преданија, градбата на црквата се поврзува со првиот христијански цар Константин Велики, кој по изградбата на големата црква во Слано, стигнал во Завала, па откако видел дека жителите се побожни, решил да изгради храм. Црквата датира од 13 век судејќи по печатот од 1271 година.[3] Првиот пишан траг за манастирот е потврда за продажба на лозје во Орахов Дол[3] на манастирскиот игумен Серафијон, која датира од 1514 година.[2]
Манастирската црква
уредиАрхитектурата на црквата е условена со позицијата. Внатрешноста на црквата е насликана со фрески во 1619 година, кои се дело на хиландерскиот монах Георгиј Митрофановиќ, познат српски зограф од 17 век.[2][3] Во овој манастир станал монах Василиј Острошки, кој е роден во блиското село Мркоњиќи.[2] Во текот на Втората светска војна манастирот претрпел голема штета. Исто така голема штета претрпел манастирот и за време на последната војна, кога е и напуштен. По војната, обновени се црквата и конаците, извршена е реставрација на фреските, и монасите се вратиле.[2]
Галерија
уреди-
Натпис на ѕвоното
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Манастир Завала“ на Ризницата ? |
- Туристичка организација на Република Српска: Манастир Завала
- [Републички завод за заштиту културно-историјског и природног насљеђа: Република Српска: „Манастир Завала“, Окиљ Маријана, Бања Лука (2010), формат ПДФ. ISBN 978-99938-1-141-1., приступ 28.5.2013] (српски)
- [1] (српски)
- [2] (српски)