Малтешката азбука е писмо што го користи малтешкиот јазик. Азбуката е заснована врз стандардната латинична азбука со видни модифицирања и додавања на букви сè со цел задоволување на малтешкиот фонетски и фонолошки систем. Азбуката има 30 букви, со некои караклтеристични букви за малтешкиот јазик како што се буквите Ċ, Ġ, GĦ, Ħ, IE и Ż. Бидејќи малтешкиот јазик не е сличен со другите европски јазици, туку има арапско потекло, некои од гласовите се автентични за малтешкиот јазик. Азбуката е официјална на територијата на Република Малта.

Азбука

уреди
A B Ċ D E F Ġ G H Ħ I IE J K L M N O P Q R S T U V W X Ż Z
A B Ċ D E F Ġ G H Ħ I Ie J K L M N O P Q R S T U V W X Ż Z
a b ċ d e f ġ g h ħ i ie j k l m n o p q r s t u v w x ż z