Мала Усора
Мала Усора (или Усорица) е река во Босна и Херцеговина.
Извира на планината Борја (планина во БиХ) како Усорица во селото Липовиќи, околу петнаесет километри јужно од градот Теслиќ. По спојувањето со Голема Усора кај месноста Сатавци продолжува реката Усора, лева притока на реката Босна.
Реката Мала Усора е богата со клен.
Оваа статија за река е никулец. Може да помогнете со нејзиното уредување!