Македонците во Тетово од ала турка до ала франга

Македонците во Тетово од ала турка до ала франга со поднаслов „Општествено-политичкиот живот и културата на живеењето во првата половина на 20 век“ е книга од авторот Бранислав Светозаревиќ од 2015 година, во издание на Академски печат Скопје.[1] Во книгата се содржани шест глави, предговор, прилози, библиографија, именик на лични имиња и именик на прекари.

Македонците во Тетово од ала турка до ала франга
Насловната корица
АвторБранислав Светозаревиќ
ЗемјаМакедонија
Јазикмакедонски
ЖанрИсторија
Издадена
2015
Страници1102
ISBN978-608-231-147-0

Содржина уреди

Книгата е поделена на следниве поглавја:

  • Општествено-политичкиот жиот во првата половина на 20 век
  • Локални и регионални власти и државни установи во Тетово
  • Стопански живот
  • Материјална култура
  • Култура и спорт
  • Историја на секојдневниот живот (Култура на живеење)
  • Прилози: Записи и сеќавања за тетовското секојдневие

Книгата изобилува со архивски фотографии. Како извори за овој труд се користени необјавени документи од преку 90 архивски фондови, објавени документи од преку 60 изданија на збирки на документи, 330 објавени трудови (книги, зборници, студии, периодика, елаборати и друго) од областа на историјата, социологијата, етнологијата со етнографијата, ономастиката со топонимијата и дијалектологијата, архитектурата, културата, антропогеографијата, географијата, антропологијата и други области, преку 100 новинарски статии и весници, околу 40 информатори, современици и учесници на настани, и 13 приватни зборки на фотографии, разгледници и други картофилски материјал. Сите овие извори поединечно се содржани во делот од книгата под наслов: Библиографија.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди