Македонско-израелски односи
Македонско-израелските односи — дипломатски, политички, културни и економски односи помеѓу овие две земји. Израел и Македонија имаат многу добри односи од секој аспект на политичко-културниот и социјално-економскиот живот. Двете земји развиваат пријателски односи.[1]
Израел |
Македонија |
---|
Историја
уредиИзраел и Македонија воспоставиле дипломатски односи на 7 декември 1995 година.[2] Со првичните документи кои се потпишале Израел ја признал Македонија под привремената референца „поранешна Југословенска Република Македонија“, но сепак оваа одлука била променера и Израел ја признал Македонија под уставното име „Република Македонија“,[3][4] и со тоа станала 133 држава[5] која ја признала Македонија под уставното име. Македонија е една од ретките држави во Европа и светот која нема никакви политички и дипломатски односи со Палестина. Македонија има амбасада во Тел Авив, а Изаел ја покрива Македонија со своја амбасада во Загреб.
Македонски Евреи
уредиЕвреите живееле во Македонија уште од античко време.[6]
Денес еврејската заедница во Македонија е малубројна поради бугарската фашистичка депортација на Евреите од Вардарска Македонија за време на Втората светска војна. Сепак, еврејската заедница во Македонија е добро почитувана и е добра врска меѓу Македонија и Израел.[7] Денес има околу 200 Евреи во Македонија, повеќето во Скопје.[8]
На неколку наврати еврејските заедници во Македонија искажале дека во Македонија нема антисемитизам.[9][10][11] По средбата на амбасадорите до двете земји во 2009 година, амбасадорот искажал дека Македонија е единствена земја каде антисемитизмот не се гледа и Евреите се чувствуваат безбедни.[10][11]
Македонските Евреи имаат добри односи со Евреите во Србија[12] и имаат силни и долги односи со Американскиот еврејски комитет.[13] Во Скопје е изграден Меморијалниот центар на Холокаустот, кој е еден од најголемите во светот од овој вид.[14]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Потврдени пријателските односи со Израел Архивирано на 28 септември 2011 г. (in Macedonian). Dnevnik. 22-12-2010
- ↑ Republic of Macedonia - Ministry of Foreign Affairs Архивирано на 30 септември 2011 г. (англиски)
- ↑ Dnevnik Архивирано на 27 јули 2011 г.
- ↑ Израел ја напушта референцата БЈРМ (in Macedonian). Utrinski vesnik. S.J.; No. 1520, 09-07-2004
- ↑ Bolivia is 131. country to use Macedonia's constitutional name Архивирано на 23 јануари 2011 г. Ekonom:east Media Group. 20-01-2011
- ↑ Alboher, Shlomo (2010). "The Jews of Monastir, Macedonia: The Life and Times of the Departed Jewish Community of Monastir", p. 17
- ↑ PM Gruevski meets Israeli President Peres Архивирано на 5 април 2012 г. Macedonian Information Agency. 05-01-2010
- ↑ The Jewish Community of Macedonia Архивирано на 13 август 2010 г. European Jewish Congress. 20-02-2006
- ↑ Нема антисемитизам и ксенофобија во Македонија Архивирано на 23 март 2012 г. (in Macedonian). Žurnal MK. 16-02-2011
- ↑ 10,0 10,1 No Antisemitism in Macedonia The Free Library. 17-12-2009
- ↑ 11,0 11,1 Во Македонија нема антисемитизам Архивирано на 28 септември 2011 г. (in Macedonian). Dnevnik. Hristo Ivanovski; 11-12-2009
- ↑ Reassembling the Balkan Puzzle The Forward. Eli Rosenblatt; 23-05-2008
- ↑ AJC Praises Macedonia for Historic Holocaust Restitution Accord Архивирано на 20 мај 2011 г. American Jewish Committee. 28-12-2007
- ↑ „Macedonian Information Agency“. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на 2017-12-15.
Надворешни врски
уреди- Амбасада на Македонија во Тел Авив Архивирано на 14 март 2012 г.