Македонско-грузиски односи

Македонско-грузиските односи се надворешните односи меѓу Македонија и Грузија.

Македонско-грузиски односи
Map indicating locations of Македонија and Грузија

Македонија

Грузија

На 16 февруари 2019, за време на Минхенската безбедносна конференција, министрите за надворешни работи на Македонија и Грузија потпишале Протокол за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји.[1] Во март 2018 година, Претседателите на Собранијата на Македонија и Грузија, Талат Џафери и Иракли Кобахиѕе оствариле средба на Интерпарламентарната унија во Женева. Претседателот на Грузиското Собрание ја истакнал важноста од започнување на поинтензивен политички дијалог меѓу Грузија и Македонија, посочувајќи дека двете земји сè уште немаат воспоставено дипломатски односи, а имаат слични цели и предизвици, како што се интеграцијата во ЕУ и НАТО.[2]

Грчкиот весник Елефтеротипија објавил дека Грузија имала намера да ја признае Македонија под нејзиното уставно име во 2010.[3] Меѓутоа, грчката дипломатија се заканила со блокада на грузиската интеграција во НАТО, како и блокада на пристапот кон економската помош од ЕУ, доколку Грузија се одлучила на таков чекор. Македонското МНР ја демантирало оваа информација.

Наводи

уреди
  1. „Georgia, North Macedonia establish diplomatic ties“. Agenda.ge (англиски). Посетено на 2019-06-26.
  2. „Средба на претседателот Џафери со претседателот на Парламентот на Грузија, г. Иракли Кобахиѕе“. www.sobranie.mk. Посетено на 2019-06-26.
  3. „Грузија се предомислила за уставното име, МНР демантира | Sitel“. web.archive.org. 2010-04-12. Архивирано од изворникот на 2010-04-12. Посетено на 2019-06-26.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)