Македонски песни (збирка од 1955 г.)

„Македонски песни“антологија песни составена од македонскиот композитор Јосиф Чешмеџиев, издадена во Софија, 1955 г.[1][2]

Македонски песни
Прва страница од оригиналното издание
АвторЈосиф Чешмеџиев
ЗемјаБугарија
Јазикмакедонски, бугарски
ЖанрМакедонски народни песни
Издавач„Наука и изкуство“, Софија
Издадена
1955 г.

Содржина

уреди

Збирката содржи вкупно 18 песни сите разработени и хармонизирани за мешан хор, за тригласен женски хор, за машки хор. Застапени се песните: „Шар Планина (народна песна)“, „Кажи дилбер Стано“, „Ајде слушај Анѓо“, „Млад Манула мост ми прави“, „Зарумбале тупаните“, „Пошол Павле да се жени“, „На лојзе појдов“, „Тргна моме за вода“, „Легна моме на одрето“ и др.

Наводи

уреди
  1. „Јосиф Чешмеџиев, Македонски народни песни“, проф. д-р Марко Китевски, Камелеон, 2009 г., Скопје
  2. „Јосиф Чешмеџиев, Македонски народни песни“, проф. д-р Марко Китевски, Гирланда, 2017 г., Скопје