Македонски народни балади (книга)
„Балади“ или „Македонски народни балади“ — книга со македонски народни песни (балади), објавена од издавачката куќа Просветно дело, Редакција „Детска радост“. Поговорот, изборот и редакцијата на песните ги извршила Фанија Попова.
Содржина
уредиКнигата содржи вкупно 45 песни, поделени во четири циклуси:[1]
- Балади со митолошки содржини: „Јана и сонцето“, „Јован Попов и Самовила“, „Оро ми играле триста самовили“, „Самовилско ѕидање“, „Руса Стана и самовила“, „На планина пилци пропеале“, „Продан и два браќа“, „Стојна“, „Гуга болна лежи“, „Митре и чума“, „Тодора ќерка“, „Дана невеста“, „Платно ткае Стојна Србинка“, „Струмница невеста“, „Мано мајсторче“, „Јана кукавица“, „Заљубиле се две луди млади“ и „Марко и Цвета“.
- Балади со легендарни содржини: „Аврамова жртва“, „Свети Петар и мајка му“, „Ми киниса Свети Петар“ и „Елин дојка“.
- Балади со историски содржини: „Радул војвода“, „Млади Стојан“, „Брат и сестра“ и „Маре мори Маре“.
- Балади од личниот и семејниот живот: „Јана“, „Стојан и сестра му Проја“, „Стојан и Бојана“, „Се посвршил дели Димо“, „Мана девојка“, „Стана невеста“, „Везела Јана бела шамија“, „Бела Јана дворје ми метеше“, „Стојан и Бојана“, „Две сестри“, „Стојан и Бојана“, „Убава Јана“, „Стојан и мајка му“, „Два брата и сестра“, „Рада сираче“, „Сонцето ми е на заод“, „Стојан, невеста и Турче потурјаче“, „Кинисал Димо“ и „Трена“.
Издание од 2004 година
уредиКнигата, објавена во библиотеката „Лектирни изданија“, има 146 страници со димензии од 20 сантиметри. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓуанродната ознака ISBN 9989-30-453-X. Книгата е испечатена во печатницата „Напредок“ од Тетово, а дизајнот и графичко-ликовното уредување го направил Жарко Туниќ.[2]