Македонска развојна фондација за претпријатија
Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП) е основана како резултат на соработката на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Владата на Кралството Холандија во 1998 година во Скопје, Република Македонија, во време на зголемена невработеност, потрага по нови вработувања и самовработувања и во услови на тежок пристап до извори на микрокредити во банкарскиот сектор. Освен финансиските, МРФП спроведува и повеќе програми во кои доминираат нефинансиски услуги.
Македонска развојна фондација за претпријатија | |
---|---|
Страница www.mrfp.mk |
Визијата на МРФП е зголемена вработеност, намалена сиромаштија и воспоставена социјална кохезија.
Мисијата на МРФП е поддршка на развојот на малите претпријатија.
Целна група на МРФП се мали претпријатија. Под мали претпријатија (МП) се подразираат претпријатијата кои според бројот на вработени се дефинираат како микро претпријатија (до 10 вработени и земјоделци), мали (50 вработени) и во одредена мерка и средните (до 250 вработени).
МРФП делува на територијата на Република Македонија со посебен фокус во регионите надвор од Скопје и руралните области.
Подобрен е пристапот до финансиски услуги
уредиФинансиските услуги се моќен инструмент во борбата против сиромаштијата. Добрите идеи и посветените претприемачи треба да имаат пристап до потребната финансиска поддршка. Квантитетот, квалитетот, цената и испораката на финансиските услуги треба да бидат еднакво достапни и да одговараат на различните потреби на сите луѓе. МРФП работи на развојот на прифатливи финансиски услуги и подобрување на капацитетот за развој на финансиските институции.
Промовирано е претприемништвото
уредиПретприемништвото подразбира преземање иницијатива и одговорност за сопствениот успех. Перцепциите на граѓаните дека единствено државата е одговорна за социо-економската ситуација и очекувањата дека само таа може да ја подобри треба да се менуваат кон сè понагласена поединечна одговорност и посветеност за подобрување. Поединечниот успех води кон подобрување и на сопствената заедница. Потребно е да се зголеми бројот на лицата спремни да преземат акција и да ја ослободат сопствената креативна енергија. Ова бара поле за натпревар што нема да ограничува, туку ќе им дава еднакви шанси за реализација на сите идеи и иницијативи. Потребно е понатамошно развивање на пазарната економија и доследно почитување на пазарните принципи. Поддржувачкиот амбиент е предуслов за развој на бизнисите.
Иновациите се вклучени во главните текови
уредиСè поголем број земји, долгорочниот успех го засноваат на знаење. Европската унија во Лисабонската агенда одлучи да изгради најконкурентна економија заснована на знаење, промоција на економски раст, поттикнување на конкурентност и создавање на работни места. Оттука, иновациите треба да бидат сè поприсутни. Постојано треба да се истражува дали работите можат да се направат поинаку и подобро и уште повеќе дали може да се биде прв во новите работи.
Развиени се партнерства за развој
уредиВо свет на меѓузависности, поединечните акции треба да бидат здружени за заедно да се постигне повеќе. МРФП ќе гради партнерства со останати засегнати страни за реализација на заедничките цели. Кохезијата на напорите може побрзо да доведе до целната социјална кохезија.
Обезбеден е институционален и организациски развој на МРФП
уредиРеализацијата на претходно споменатите цели бара институционален и организациски интегритет и развој на МРФП. Тоа подразбира ефикасни системи и процедури, посветени и професионални човечки ресурси и стабилни извори на финансирање.
Програми
уредиРазвојни индикатори | |
---|---|
Страница Финансиски услуги |
MРФП постојано го подобрува пристапот до финансиските услуги и на тој начин се бори против сиромаштијата. Добрите идеи и посветените претприемачи треба да имаат пристап до потребната финансиска поддршка. Од почетокот со работа на МРФП до крајот на 2014 година исплатени се над 2,6 милијарди денари (42,4 милиони евра) кон 11.999 клиенти со што се поддржани вкупно 18,510 постојани и 4,870 планирани работни места.
- Кредити
Кредитите се доминантна финансиска услуга со која МРФП ги поддржува микро и малите претпријатија. Пристапот до нив е преку акредитирани финансиски посредници. Покрај кредитите за микро и мали претпријатија, со финансиските посредници, МРФП ќе истражува можности за развој на нови кредитни производи. Ова ќе зависи од конкретните потреби и празнини на пазарот на финансиски услуги и можноста МРФП да игра делотворна улога во синергија со своите партнерски финансиски институции.
- Капитални вложувања
Капиталните вложувања се новина во МРФП. Тие треба да бидат делумен излез на МРФП од веќе воспоставениот пазар на кредити и влез во подинамичен сегмент кој ќе обезбеди понатамошна диверзификација на интервенциите на МРФП. Капиталните вложувања подразбираат концепт на целосна или делумна сопственост на МРФП во други субјекти.
- Градење капацитети за финансиски услуги
Низ целиот изминат период, градењето капацитети за финансиски услуги беше битен белег на МРФП. МРФП и понатаму останува посветена на оваа активност затоа што финансиските институции и понатаму се посредници во кредитирањето на малите претпријатија. За МРФП односот со финансиските институции не е само финансиски, туку тој носи и дополнителни вредности (подобрен капацитет на финансиските посредници значи подобри услуги за малите претпријатија).
- Застапување за развој на финансиски услуги
Во изминатиот период МРФП беше активна во застапувачки активности за развој на финансиските услуги. Тоа беше највоочливо при донесувањето на законските решенија за финансиски друштва, за економски активности на фондации и други законски предлози.
Претприемач на годината 2014 г. | |
---|---|
Страница Промоција на претприемништвото |
Да се биде претприемач значи да се преземе иницијатива и одговорност за сопствениот успех. Ова е идејата водилка на МРФП во промоцијата на претприемништвото. На Македонија и се потребни повеќе лица спремни да преземат акција и да ја ослободат сопствената креативна енергија. Поединечниот успех води кон подобрување и заедницата, а тоа отвора можности за поголемо влијание на развојот за кој поддржувачкиот амбиент е предуслов.
- Истражување на претприемништвото
Оваа група активности претставува инвестиција на МРФП во истражување и развој на разни аспекти на претприемништвото во Македонија (т.е. во целната област), како придонес за развој на политики, за поттик на иновации и претпримништво. Темите и секторите се одредуваат според конкретните развојни потреби и стратегии на Македонија.
- Развој на претприемништвото
Да се биде претприемач значи да се преземе иницијатива и одговорност за сопствениот успех. Ова е идејата водилка на МРФП во промоцијата на претприемништвото. На Македонија и се потребни повеќе лица спремни да преземат акција и да ја ослободат сопствената креативна енергија. Поединечниот успех води кон подобрување и заедницата, а тоа отвора можности за поголемо влијание на развојот за кој поддржувачкиот амбиент е предуслов.
- Партнерства за развој на мали претпријатија
МРФП и понатаму ќе развива партнерства, било да е по основ за зголемено влијание или заедничка мобилизација на средства, со едниствена цел - развој на малите претпријатија. МРФП во партнерството ги вложува своите институционални наводи, капацитетот за формулирање и спроведување проекти според највисоките стандарди и обезбедување ко-финансирање.
Надворешни врски
уреди- Македонска развојна фондација за претпријатија
- Годишни извештаи на МРФП Архивирано на 2 јуни 2016 г.
Наводи
уреди- ↑ „Визија , мисија, целна група и подрачје на МРФП“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-11-04.
- ↑ „Долгорочни цели на МРФП“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-11-04.
- ↑ „Програми за финансиски услуги“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-11-04.
- ↑ „Програми за промоција на претприемништво“. Архивирано од изворникот на 2016-06-02. Посетено на 2015-11-04.