Македонски центар за меѓународна соработка

(Пренасочено од МЦМС)

Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) е основан на 14 декември 1993 година во Скопје, Република Македонија, со поддршка од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП). Се разви како независна, граѓанска, непрофитна организација која е подготвена да се соочи со предизвиците и да создаде модели или алтернативи за решавање на проблемите. Целите меѓудругото беа промоција на мирот, организирање на граѓанското општество и помош на оние кои имаат потреба. Добитник е на Наградата за граѓанско општество и демократија од САД и ЕУ во 1998 година, како и на многу национални и локални признанија.

Македонски центар за меѓународна соработка
Страница
www.mcms.mk

Визија, мисија и стратегија [1]

уреди

Визијата на МЦМС е мир, хармонија и просперитет на луѓето во Македонија, на Балканот и глобално. МЦМС ја заснова визијата за мир, хармонија и просперитет, на универзалните принципи на граѓанско општество и партиципативна демократија, владеење на правото, рамномерен и одржлив социо-економски развој, ненасилство, почит и меѓузависност и културна разноличност.

Мисијата на МЦМС е „МЦМС предводи и поттикнува промени со нови и алтернативни решенија на општествените проблеми, кои влијаат на другите чинители и кои се вклучуваат во главните текови.“

Работата на МЦМС е во рамките на одредените програмски и организациски методи. Програмските методи се: застапување (информирање, градење свест, едукација; создавање и влијание на политики; следење и барање одговорност); развојна поддршка (капацитети и инфраструктура); социјално-хуманитарна поддршка. Организациските методи се раководење и спроведување.

Долгорочни цели [2]

уреди

Социјална кохезија и намалување на сиромаштијата

уреди

Социјалната кохезија и намалување на сиромаштијата се остварува преку вработување, претприемништво, образование и пристап до јавни сервиси, засновано на принципите за еднакви можности и пристап заснован на правата (rights based approach) и со вклучување на маргинализираните групи.

Одржлив локален и рурален развој

уреди

Одржливиот локален и рурален развој треба да придонесе во социјалната кохезија. Но поради големите регионални и урбано-рурални јазови во развојот, МЦМС посебно се фокусира на оваа цел. МЦМС го поддржува развојот на капацитет на локалните самоуправи и други локални форми за одржлив локален и рурален развој со подобрени јавни услуги за граѓаните во локалните и руралните заедници, подобрена урбана и рурална инфра-структура, меѓу другото и со искористување на достапната ЕУ поддршка во оваа област.

Добро владеење, партиципација и политики засновани на луѓето

уреди

МЦМС се фокусира на битен дел на доброто владеење – партиципативност, која овозможува политики засновани на луѓето и со тоа тесно поврзаните - транспарентност, отчетност, одговорност. Односно, МЦМС бара влијание на јавните политики, како и на буџетскиот процес, барањето на одговорност. МЦМС го поддржува развојот на општествена одговорност на претпријатијата.

Вкоренето и динамично граѓанско општество

уреди

Активни граѓани или општествено одговорни граѓани, како чинители, се клучниот дел на пристапот на МЦМС и се вклучени во сите цели на МЦМС. Надвор од вклученоста во главните текови, МЦМС се фокусира на институционалниот развој за вкоренето и динамично граѓанско општество кои влијае на јавните политики.

Прифатена културна разноличност, меѓузависност и дијалог

уреди

Во македонското мултикултурно општество, прифаќањето на разноличноста и разбирањето на потребата од дијалог, заедничко живеење и јакнење на меѓузависноста, е од примарно значење за мирен и хармоничен развој. Дијалогот, како димензија на човечката свесност претставува клучниот инструмент за надминување на разликите, за отстранување на бариерите меѓу луѓето, за слободна комуникација на идеите.

Поддржан евроинтеграциски процес и зајакната регионална соработка

уреди

МЦМС го поддржува развојот на долгорочни добрососедски односи и членството во меѓународните организации и спогодби, пред сè на ЕУ.

МЦМС - независна и организација со кредибилитет

уреди

МЦМС- независна и организација со кредибилитет, способна за силни и ефективни партнерства и сојузи засновани на еднаквост. МЦМС ја одржува својата независност, по која е препознатлив, преку работа со различни засегнати страни и групи од интерес на еднаков начин и без привилегирање, со истакнување на јасни и често конфронтирачки ставови за клучните општествени прашања.

МЦМС - организација со локални корени и глобален поглед

уреди

МЦМС е привлечна и иновативна организација која учи, со локални корени и глобален поглед. Не само што луѓето се во фокусот на целите на МЦМС, тие се и клучен ресурс за успехот на МЦМС и негова главна конкурентна предност. Оттука, развојот на персоналот е есенцијален за идниот подем. МЦМС ќе продолжи да поддржува развој на персонал со личен и професионален интегритет и посветеност.

Вредности и принципи

уреди
  • Партиципација (учество, вклученост) на луѓето- подразбира вклученост во процесите на одлучување, на сите оние кои имаат легитимен интерес во прашањата кои ги засегаат.
  • Транспарентност и одговорност (јавност, отвореност, отчетност)- подразбира јавност ( јавна проверка, контрола и отвореност на институциите и процесите во општеството. Нужно е таа да биде пропратена со постоење механизми кои обезбедуваат одговорно однесување на клучните глумци.
  • Партнерство (соработка) - подразбира односи на соработка меѓу вклучените страни, кои се согласуваат да ги споделат правата и одговорностите заради постигнување одредена цел. Партнерството како принцип, се надградува на партиципацијата.
  • Толеранцијата е спремност да се препознаат и почитуваат верувањата и однесувањата на другите. Оваа вредност е клучна за стабилноста на општеството, кое пак е предуслов за просперитет.
  • Претприемништво - значи преземање иницијатива (и ризик) за сопствен успех - личен или на заедницата (социјално претприемништво). Глобалните искуства потврдуваат дека најуспешните општества се засноваат на иницијативност и иновативност.
  • Одржливост - значи долгорочност и континуитет на процесите и состојбите. Одржливиот развој е процес на промена во кој сите заедно, експлоатацијата на ресурсите, насоките на инвестициите, ориентацијата на технолошкиот развој и институционалната промена, се во хармонија и овозможуваат сегашните и идните потенцијали да ги задоволат човековите потреби и аспирации.
  • Еднакви можности – за сите луѓе за пристап до придобивките од политичките, економските и социјалните процеси и механизми за тоа да се обезбеди, без дискриминација и/ или фаворизирање на други.

Методи на работа

уреди
Проектен циклус и раководење со проектно портфолио
 
Проектен циклус и раководење со проектно портфолио
Страница
Обуки и консултации

Обуки и консултации [3]

уреди

Од своето формирање во 1993 година МЦМС работи на развој на капацитети и тоа на поединечно, организациско и институционално ниво. Овој пристап МЦМС го користи за да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации, локалните самоуправи, државните институции, претпријатијата, училишта и сите други кои имаат потреба од тоа. Дел од темите за кои МЦМС развива капацитети се: раководење со проектен циклус, организациски менаџмент, институционален развој и организациско јакнење, стратешко планирање, раководење со програми/проекти, раководење со човечки ресурси, административно и архивско работење, финансиски менаџмент, односи со јавноста, комуникациски вештини, фацилитација и презентациски вештини, обука на обучувачи, интеркултурно учење, итн.

Цело е кога има сè!
Страница
Јакнење свест и кампањи

Јакнење свест и кампањи [4]

уреди

МЦМС во своето 23-годишно постоење во повеќе наврати ги употреби кампањите за да ја подигне свеста на граѓаните и да ги поттикне да ја дадат својата поддршка за прашањето или темата на кампањата. Првата кампања што ја спроведе МЦМС се уште е една од најпознатите. „Цело е кога има се!“ (1999 и 2000 година) Кампањата имаше за цел да го промовира мирот и хуманите вредности. Таа комуницираше преку едноставни пораки укажувајќи на вредностите на животот. Потоа следуваа кампањите: „Јас живеам овде“ (2003); „Кажи Македонија“ (2004); „Велигденска кампања“ (2005 – продолжување на Кажи Македонија); „Кажи ОК за МК“ (2005); „Еден до друг – различни, а еднакви“ (2007), „И НАТО и Македонија“ (2008) и „Донирај од твојот персонален данок на доход“ (2008) и „Чиста сметка – здрава вода“ (2009); „20 години МЦМС“ (2013).

Адресар на граѓанските организации во Македонија
Страница
Истражувања и публикации

Истражувања и публикации [5]

уреди

Еден од методите на работа на МЦМС е застапувањето кое е сфатено како меѓусебно преплетување и поддржување на повеќе активности: градење свест и едукација, влијание врз јавните политики и следење и барање одговорност. Своите истражувањата МЦМС ги спроведува со сопствени ресурси или со помош на надворешни соработници и тоа како примарни или секундарни истражувања. Во зависност од темата, истражувањата користат различни инструменти: прашалници, длабински интервјуа, анализа на содржина, студии на случај, статистички анализи итн. МЦМС ги публикува сите свои истражувања. Освен истражувањата, МЦМС издава и многу други публикации претежно поврзани со главните теми на кои работи. Публикувањето, треба да ги направи подостапни информациите на тие теми и да овозможи нивно споделување кај поширок круг луѓе.

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди