Независносложени реченици во македонскиот јазик

Независносложените реченици се подгрупа на сложените реченици. Независносложените реченици го добиле своето име според нивната најголема одлика, односно составните дел-реченици се независни една од друга во смисловен и функционален поглед. Независносложените реченици се дела на две поголеми групи, односно во едната група спаѓаат сите независносложени реченици во кои врската меѓу дел-речениците е потесна, и втората група ги вклучува оние реченици во кои врската меѓу дел-речениците е полабава.[1]

Независносложени реченици со потесна врска

уреди

Независносложените реченици со потесна врска меѓу дел-речениците се делат на три подгрупи, и тоа: составни независносложени реченици, спротивни независносложени реченици и разделни независносложени реченици.

Составни независносложени реченици

уреди

Составните независносложени реченици се реченици кои имаат содржини кои се поврзани едни со други на различна основа, како на пример според вршителот на дејството, според времето или местото на дејството и слични одлики. Типично за овие реченици е користење на сврзници кои се карактеристични за дејството кое е искажано и такви сврзници се и, ни, ниту, па, та, не само што - туку и.[1]

Најчесто користен сврзник е сврзникот и. Овој сврзник во вакви реченици се користи кога се поврзуваат две реченици во кои се искажуваат истовремени дејства.

пр. Детето јаде сладолед и гледа телевизија.

Исто така, сврзникот и се користи за искажување дејства кои следат едноподруго.

пр. Тој стана од столицата и отиде во кујната.

Доста често, кога има реченици со дејства кои се случуваат едноподруго, едното дејство или реченица се смета за последица од другото дејство или реченица и во такви случаево се додава и зборот затоа.

пр. Тој испи цело шише ладен сок и затоа сега го боли грлото.

Во случај да помеѓу двете реченици да има спортивен однос, тогаш покрај и се додава и зборот пак.

пр. Детево може да игра по цел ден надвор и пак да има добри оценки на училиште.

Сврзниците ни и ниту се користат да се искажат одречни реченици.

пр. Детево ниту јаде ниту пие. Тешко е болно. Ни сакам да те видам ни сакам да ти прозборам.

Сврзниците па и та се користат да се сврзат дејства што следуваат едноподруго, но и дејства каде второто дејство произлегува од првото.

пр. Тој ја зеде торбата во раката па тргна кон градот. Човеков не сака лошо да се однесува со луѓето, та ниту тој не сака со него да се однесуваат лошо.

Сложениот сврзник не само што - туку/ами/но/ама и се јавува и во негативна форма не само што - туку/ами/но/ама и не.

пр. Не само што не сакам да јадам, туку и не ми се пие.

Составните независносложени реченици со сврзници и, ни, ниту, не само штотуку и не се одделуваат со запирка. Пред сврзниците па и та обично се пишува запирка.

Независносложени реченици со полабава врска

уреди

Независносложените реченици со полабава врска меѓу дел-речениците се сложени реченици кои се добиле по пат на нижење на повеќе дел-реченици. Кај овие реченици врската помеѓу дел-речениците е полабава и пофлексибилна. Независносложените реченици се делат на две подгрупи, и тоа: исклучни независносложени реченици и заклучни независносложени реченици.[1]

Наводи

уреди
  1. Отиди кај: 1,0 1,1 1,2 Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. стр. 297–306. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

уреди