Македонска зора (здружение)

Здружението на граѓани Македонска зора е македонска невладина организација, чијашто цел е запознавање и остварување на одредбите за универзалната декларација за правата на човекот, Хелсиншкиот договор и други документи со кои се заштитуваат човековите права и основните слободи. Првобитната цел на постоење на здружението е како здружение на потомците на Македонците од Егејска Македонија. Како организација, постои од 1944 година, а во 2008 година е регистрирано како здружение на граѓани со седиште во Скопје. Свои ограноци, здружението има и во други градови во Македонија.

Активности

уреди

Здружението има во план да започне со издавање на електронски весник со истоименото име, во кој би биле опфатени вести за сите делови од етничка Македонија.