Македонска асоцијација на издавачи
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) — здружение во Македонија. МАИ е независно, непрофитно и доброволно здружение, кое организирано работи на стручно оспособување и усовршување на своето членство. Здружението постои од 2016 година и оттогаш наваму е фокусирано на активности што придонесуваат за унапредување на работењето на издавачката дејност.
Логото на здружението | |
Кратенка | МАИ |
---|---|
Основана | 2016 |
Вид | независно здружение |
Регион | Македонија |
Претседател | Бојан Саздов |
Заменик-претседател | Јове Тодоровски |
Секретар | Наташа Атанасова |
Мреж. место | https://www.mai.org.mk |
Здружението е постојано активно во делот на организација на саемски и продажни активности, како и на настани за промоција и поттикнување на читачката култура во Македонија.[1] Исто така, МАИ три години ја има претставувано македонската книжевност на најголемиот саем за литература во светот, Саемот на книгата во Франкфурт.[2]
Членки
уредиВо здружението членуваат издавачи кои доброволно пристапуваат во него, го имаат прифатено неговиот статут и работат со заеднички цели и интереси во областа на унапредување на издаваштвото, производството на книги, нивна дистрибуција и продажба.
Здружението денес брои 15 членки: „Три“, „Арс ламина“, „Полица“, „Култура“, „Антолог“, „Сакам книги“, „Бата прес“, „Ѓурѓа“, „Топер“, „Едука мак“, „Мартина“, „Паблишер“ и „Чудна шума“, „Сказнувалка“ и „Гаврош“.[1]
Од статутот
уредиНајважните цели и задачи на здружението, истакнати во Статутот на МАИ, како и на веб-страницата на здружението, се следниве:[1]
• Поттикнување на соработка помеѓу издавачите и книжарите.
• Промовирање и заштита на професионалните интереси на издавачите во односите со државните органи и организации при донесување на законски и подзаконски акти кои се однесуваат на издавачката и книжарската дејност.
• Унапредување на условите и начинот на продажба на книгите.
• Грижа за спроведување на целата законска регулатива поврзана со издавачката и книжарската дејност.
• Организација на саемски манифестации, изложби и комерцијални презентации во земјата и странство.
• Промовирање на кодекс на однесување помеѓу издавачите и книжарите во смисла на коректна меѓусебна соработка.
• Имплементација на стандарди за редакциска работа.
• Промовирање на солидарност помеѓу членовите на здружението.
• Развивање и унапредување на меѓусебните односи помеѓу членовите на здружението и останатите учесници во производството и пласманот на книги, пред сè фабриките за хартија, печатниците и трговските и книжарските друштва.
• Информирање на издавачите и книжарите во Македонија и странство.
• Застапување на издавачите и книжарите пред државните органи.
• Унапредување и афирмација на издаваштвото и книжарството во Македонија.
• Грижа за изедначување на условите на пазарот за сите учесници во него.
• Подобрување на книжарската мрежа во државата и грижа за нејзино снабдување и пласман на домашна и странска литература.
• Организација на семинари и едукација на кадри за работа во книжарството и друго.
Раководство на МАИ
уредиВо моментов, претседател на Македонската асоцијација на издавачите е Бојан Саздов, главен уредник на издавачкиот центар „Три“, заменик-претседател е Јове Тодоровски, директор на издавачката куќа „Полица“, а секретар на МАИ и лице за односи со јавноста е Наташа Атанасова.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „За нас“. mai.org.mk. Посетено на 9 јуни 2021.
- ↑ „Македонски ден на Саемот на книгата во Франкфурт 2019“. Blog.literatura.mk преку Web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2021-01-28. Посетено на 9 јуни 2021. Занемарен непознатиот параметар
|datе=
(help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)