Македонска Правда
Македонска Правда бил неделен орган на македонската емиграција во Бугарија. Првиот број на весникот излегол во Софија на 3 април 1933 додека последниот 52 број се издал на 3 април 1934 година. Излегувал на бугарски јазик со тираж од 8000 примероци под редакција на Димитар Попефтимов (до бр. 11), а потоа одговорен уредник е Илија К. Граматиков, но веќе со изменета (протогеровистичка) национално-политичка концепција, во прилог на 19-мајскиот преврат[1]. Уредникот во воведникот на првиот број изјавува дека весникот ќе
„се бори за слободата на мислата“ и собранијата на македонската емиграција во Бугарија, за премавнување на вонредната состојба во Петричко, за подобрување на економските услови на бегалците и за народносна и културна слобода во трите дела на поробена Македонија. Македонскиот народ треба да е готов при секоја нова опстановка, при секоја нова промена во Грција, во Југославија или во Бугарија, да си го каже својот збор, да ја пројави својата волја и да учествува со своето активно присуство“ и дека „ќе ја култивира идејата за Балканска федерација, како единствено засега, средство за умиротворување на Балканот, во рамките на која федерална Македонија навистина би била слободна и среќна“[2]
.