Македонската глаголица
Македонската глаголица — книга и научен труд-монографија посветена на македонската глаголица и глаголските ракописи од X до XII век. Напишана е од македонскиот академик - историчар на книжевност, археограф и теолог Ѓорѓи Поп-Атанасов како плод на долгогодишните истражувања на бројни глаголски ракописи и текстови од Македонија. Објавена е во издание на МАНУ во 2015 година. Книгата е поделена во два дела: описи и податоци за секоја буква-графема од глаголицта како и претставување на сите ракописни текстови на глаголица напишани и/или пронајдени на тлото во Македонија. Предговорот на книгата во вид на научен труд и опис на истражувањето е напишан од акад.Катица Ќулавкова.
Книгата "Македонската глаголица" (кликнете на сликата за да ја отворите и читате во целост) | |
Автор | Ѓорѓи Поп-Атанасов |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | средновековна писменост и книженост на глаголица |
Издавач | МАНУ |
Издадена | 2015 |
Страници | 91 (103 - со предговор) |