Македонија во стариот век
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Македонската држава до Филип II
уредиТериторија и население
уредиМакедонија се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров, северно од Хелада. Земјата била претежно планинска, богата со пасишта, со многу реки и езера, со речни долини и котлини. Само поширокото крајбрежје на Егејското Море било низинско. Планинските предели во внатрешноста биле познати како Горна Македонија, а приморскиот, низински дел како Долна Македонија.
Според митологијата, Македонците воделе потекло од митскиот херој Македон. Територијата на Македонија ја населувале повеќе македонски племиња. Најголеми и најпознати племиња биле Бригите, Пајонците, Пелагонците, Линкестите, Орестите и Едонците.
Населението се занимавало со земјоделство, сточарство, лов и риболов. Со користењето на шумите и на рудните богатства, се развиле занаетчиството и трговијата.
Основање на државата
уредиОбединувањето на самостојните македонски племиња во единствена држава започнало во осмиот век пред н.е. За основач на македонската држава се смета кралот Пердика I, кој владеел кон крајот на осмиот и почетокот на седмиот век пред н.е.
Јадрото на македонската држава се наоѓало во Долна Македонија. Престолнина на државата бил градот Ајга, на падините на Пиериските Планини (Шапка). Кралското семејство водело потекло од градот Аргос во областа Орестида, па затоа првата македонска династија е позната како династија на Аргеадите.
Во македонското кралство имало и Народно собрание. Собранието го поставувало кралот на престолот и решавало за сите важни државни прашања. Собранието го сочинувале сите Македонци што биле способни да носат оружје. Важна улога во македонската држава имале хетајрите, верни придружници на кралот. Тие насекаде го придружувале својот владетел: во мир, во војна, на лов. Во војската служеле како коњаници.
Јакнење и проширување на државата
уредиНаследниците на кралот Пердика настојувале да ја зацврстат и да ја прошират својата држава. Позначајни меѓу нив биле кралевите Александар I, Пердика II и Архелај I. Kралот Александар I владеел во првата половина на петтиот век пред н.е. Во негово време, македонската држава значително се зацврстила и се проширила. Тој учествувал во Грчко-персиските војни. Херодот пишува дека Александар I им помагал на Хелените во војната против Персија. Поради тоа, многу подоцна, бил наречен Филхелен – пријател на Хелените. Тој е првиот македонски крал што имал богати сребрени рудници, па затоа и ковал свои монети.
Негов наследник бил кралот Пердика II, кој владеел во петтиот век пред н.е. Пердика владеел за време на Пелопонеската војна меѓу Атина и Спарта, и учествувал во воените непријателства. Во времето на кралот Архелај I, кон крајот на петтиот век пред н.е., македонската држава уште повеќе се издигнала и зајакнала. Архелај е особено познат по својата градежна дејност. Изградил многу патишта и тврдини. Тој ја пренел престолнината од Ајга во Пела, која била поблиску до средиштето на кралството. Имал добри односи со Хелените. На неговиот дворец во Пела престојувале и работеле познати хеленски уметници, писатели и архитекти, меѓу кои бил и атињанецот Еврипид. Од времето на Архелај започнале да се одржуваат македонските олимписки игри.
Македонската држава во времето на Филип II
уредиРеформи во државата
уредиВо средината на четвртиот век пред н.е., Македонија станала најмоќна држава на Балканскиот Полуостров. За тоа бил заслужен кралот Филип II(359-336 година пред н.е.). Тој бил способен владетел, голем војсководец, но и мудар дипломат и политичар. Филип направил повеќе реформи за да ја зајакне македонската држава.
Најзначајна реформа била спроведена во војската. Посебно внимание кралот посветил на познатата македонска фаланга. Фалангата се состоела од 16 реда војници, вооружени со долги копја, наречени сариси. Првите пет реда ги носеле копјата издадени напред, а другите ги носеле исправени нагоре.
Војската се состоела од пешадија и коњаница. Била формирана и посебна кралска чета. Освен тоа, Филип во битките употребил и воени справи – катапулти и овни, кои се користеле при опсада на градови.
Филип II е првиот македонски крал кој почнал да кова златни монети. Со тоа, државата уште повеќе економски зајакнала. Се проширила трговијата со соседните земји, а македонската златна монета била многу барана.
Јакнење и проширување на државата
уредиКралот Филип II водел успешни војни со соседите. На запад извојувал победа над Илирите на север го победил самостојното македонско племе Пајонци, а на исток Тракијците. Сите тие ја признале неговата власт. Потоа ги потчинил хеленските колонии на северното крајбрежје на Егејското Море, како и богатата житница Тесалија. Со овие победи, територијата на македонската држава многу се проширила.
Кралот Филип II многу вешто ја користел неслогата меѓу хеленските градови-држави, кои постојано војувале меѓу себе. Помагајќи ги едните против другите, успеал да го прошири своето влијание до средна Хелада. Тоа претставувало сериозна закана за Атина. Поради тоа, населението во Атина се поделило на приврзаници и на противници на македонскиот крал. Првите го сметале Филип за спасител и обединител на Хелените, кој ќе ги поведе во војна против Персија. Другите во Филип гледале најголем непријател. Нив ги предводел говорникот Демостен. Под негово водство во Хелада бил создаден антимакедонски сојуз. Решавачката битка меѓу Македонците, предводени од Филип, и Хелените, предводени од Атињаните, се одиграла во 338 година пред н.e. кај Хајронеја. Битката завршила со победа на македонската војска. Хелените биле принудени да го признаат врховното и политичко водство на Филип II, односно превласта на македонското кралство.
По победата кај Хајронеја, кралот Филип II се сретнал со претставници на најпознатите хеленски полиси. Притоа, било договорено тој да ги предводи Хелените во војна против Персија. Но, смртта го спречила Филип II да го заврши планираниот поход. Во времето кога походот почнувал, тој бил убиен од заговорници во Пела.
= Македонската држава во времето на Александар III Македонски
уредиСредување на состојбата на Балканот
уредиПо смртта на кралот Филип II, на престолот на македонското кралство дошол неговиот дваесетгодишен син Александар III Македонски (336-323 г. пред н.е.). Иако бил млад, Александар бил многу надарен и способен владетел и голем војсководец. Кога разбрале дека Македонија има млад крал, некои хеленски градови, а и некои од покорените народи на Балканот, се обиделе да ја отфрлат македонската власт. Но, Александар успеал да ги победи и ги принудил да ја признаат неговата власт. Во походот кон север, Александар ја поминал и реката Дунав. Откако ја средил состојбата на Балканот, почнал да се подготвува да ја оствари намислата на неговиот татко: да тргне кон исток, против Персија.
Походот на исток
уредиАлександар го започнал походот на Исток против Персија во 334 година пред н.е. Персија била многу поголема држава од Македонија, а имала и побројна војска. Александар тргнал во походот со добро организирана и дисциплинирана војска од околу 40.000 луѓе. Персиската војска била побројна, но била слабо организирана. Првата битка со Персијците се одиграла кај реката Граник во Мала Азија. Македонците извојувале голема победа. Персискиот владетел Дареј III се обидел да го спречи натамошното македонско напредување. Но, во Битката кај Исос, персиската војска доживеала нов пораз.
По првите победи, Александар се упатил кон Египет, кој бил под персиска власт. Таму бил пречекан како ослободител од персиската зависност и бил прогласен за фараон и син на богот на сонцето Амон Ра. На брегот на Средоземното Море го основал градот Александрија. Освен овој, Александар во освоените земји подигнал повеќе градови што го носеле неговото име.
Од Египет, Александар се упатил кон центарот на Персиското Кралство. Решавачката битка се одиграла во 331 година пред н.е. кај местото Гавгамела. Персиската војска доживеала тежок пораз. Потоа биле освоени и останатите персиски територии. Тогаш Александар се прогласил за крал на Азија, а за престолнина го одбрал градот Бабилон. Во понатамошните освојувања на Исток, Александар стигнал до Индија, каде се судрил со владетелот на западна Индија, кралот Пор. Државата на Александар III Македонски станала држава на три континенти и светска сила.
Но, по долгите војувања во далечните земји, македонската војска била уморна. Војниците долго време биле разделени од своите семејства, тешко ја поднесувале неповолната клима и често се бунтувале. Затоа, Александар решил да се врати назад. На најоддалеченото место до кое стигнал, бил поставен столб на кој пишувало „Овде запрел Александар“. Враќањето од Индија кон Бабилон било многу тешко и опасно. Се одвивало по копно и по море. Војската се движела низ тешко проодни и сурови пустински предели. Голем број од војниците настрадале од горештините и од сушата. По неколкумесечно патување, кралот Александар пристигнал во градот Суза.
Среќното пристигнување во Суза било прославено со масовна свечена свадба, во која околу десет илјади Македонци се ожениле со Персијки. Кралот Александар се оженил со две персиски принцези. Свадбата била направена според персиските обичаи, а сите младоженци добиле богати подароци од кралот. Плановите на Александар III за нови походи не се оствариле поради неговата ненадејна смрт. Тој умрел во 323 година пред н.е., кога имал само 33 години. Бил погребан во Александрија во Египет.