Македонија Парк (стадион)

стадион во Перт, Западна Австралија

Македонија Парк — мултифункционален стадион во Перт, Западна Австралија. Главно се користи за фудбалски натпревари и претставува домашен терен на фудбалскиот клуб Стирлинг Македонија. Стадионот има сместивост од 5,000 гледачи.

Македонија Парк
Карта
Местоположба273 Алберт Стрит, Балката
Координати31°53′18″S 115°49′19″E / 31.888388° ЈГШ; 115.822038° ИГД / -31.888388; 115.822038
Сместивост5,000 седишта[1]
(4,500 за А-лигата)
ПовршинаТрева
Изградба
Обновен1985
Корисници
ФК Стирлинг Македонија (1986–)
ФК Перт Кенгарус (1994)
ФК Перт Глори (A-Лига мажи) (2022-2023)
ЖФК Перт Глори (A-Лига жени) (2021–)

Стадионот бил развиен од страна на македонската заедница во Западна Австралија во средината на 1980. години по добивањето на финансиски средства од владата со која раководел премиерот Боб Хоук. Стадионот бил изграден заедно со соседните објекти на заедницата.[2][3]

Македонија Парк официјално бил пуштен во употреба во 1986 година, за натпреварот од првото коло од националниот фудбалски лига куп 1986 помеѓу екипите на Стирлинг Македонија и Аделаида Сити, пред 5,000 гледачи.[4][5][6]

Во 2012 година, стадионот добил надградба во вредност од 1,1 милиони долари, финансирана од владата на Џулија Гилард, вклучително и надградба на теренот и осветлувањето.[7]

Македонија Парк бил домашен терен на женскиот фудбалски клуб Перт Глори за сезоната 2021–22 во А-лигата на Австралија.[8]

Во септември 2022 година, било објавено дека на Перт Глори ќе одигра 10 натпревари на домашен терен на стадионот Македонија Парк во сезоната 2022–23 од А-лигата на Австралија, поради тековни работи за обнова на Перт Овал, нивниот вообичаен домашен терен.[9] Дополнително, стадионот станал домашен терен за женската екипа на Перт Глори за целата сезона во А-лигата на Австралија за жени.[10][11]

Наводи

уреди
  1. „Macedonia Park“. Austadiums. Посетено на 2 октомври 2022.
  2. „Macedonia Park“. Vesnik. IX (27). Перт. 1 декември 1985. стр. 8. Посетено на 17 септември 2022 – преку Национална библиотека на Австралија.
  3. „Macedonia Park Balcatta“. Vesnik. 7 (19). Перт. 1 април 1983. стр. 14. Посетено на 17 септември 2022 – преку National Library of Australia.
  4. „History“ (англиски). Stirling Lions Soccer Club. Посетено на 2022-09-17.
  5. „Official Opening of the Macedonian Sporting Complex“. Vesnik. X (28). Перт. 1 јуни 1986. стр. 1, 2, 15. Посетено на 17 септември 2022 – преку National Library of Australia.
  6. „1986 National League Cup Results“. OzFootball. Посетено на 2022-09-17.
  7. „Macedonia Park renewal“. Stirling Times. 1 мај 2012. стр. 50.
  8. Gilby, Ben (17 април 2022). „Rigby reflects on A-League season like no other at Glory“. The Women's Game. Посетено на 2022-09-17.
  9. Morgan, Gareth (2022-09-21). „A stadium update from CEO Anthony Radich“. Perth Glory FC. Посетено на 2022-09-21.
  10. 'Goal Rush' style show and free junior passes put fans at heart of Liberty A-League season“. Keepup. Australian Professional Leagues. 2022-09-14. Посетено на 2022-09-21.
  11. Македонец и Македонка во Перт Глори ќе трчаат по победи на – „Македонија Парк“ sport1.mk; 26 ноември 2022

Надворешни врски

уреди