Макар Чудра
Макар Чудра — првото печатено дело на Максим Горки . Било објавено во 1892 година во весникот „Кавказ “. Расказот првпат бил потпишан со псевдонимот М. Горки [1]. Бил екранизиран од режисерот Е. Лотеану во 1976 година.
„Макар Чудра“ | |
---|---|
од Максим Горки | |
Спомен-плоча на Горки на ѕидот од куќата во Тбилиси каде што бил напишан расказот | |
Изворен наслов | Макар Чудра |
Држава | Русија |
Јазик | Руски |
Издаден во | Весник Кавказ |
Датум на издавање | 12 септември 1892 |
Сиже
уредиГлавниот јунак на делото е стариот Циган Макар Чудра. Тој ја раскажува легендата за трагичната средба на двајца млади Цигани - коњокрадецот Лојко Зобар и убавицата Рада, кои се сакаат, но за нив љубовта станува окови што ја ограничува нивната независност. Откога сфатил дека никогаш нема да ја скроти младата девојка, Лојко се согласува пред целата черга да клекне пред Рада и на тој начин да се согласи на подредена положба.[2] Лојко ненадејно вади нож и ја убива девојката пред очите на татко ѝ и пред целата черга. После тоа клекнува пред неа, веќе мртва, со што го исполнил условот на девојката за нивна свадба поставен порано. Татко ѝ на Рада го убивa Лојко со нож.
Историја на создавањето
уредиВо летото 1892 година, додека бил во Тифлис, Алексеј Пешков комуницирал со Александар Каљужни, член на револуционерното движење. Слушајќи ги приказните на младиот човек за скитници, Каљужни постојано му предлагал да ги запише овие приказни. Кога ракописот на „Макар Чудра“ бил готов, Каљужни, со помош на познатиот новинар Цветницки, успеал да ја отпечати приказната во весникот „Кавказ“.
Во 1925 година, во писмо до Каљужни, Горки се потсетил на неговото книжевно деби, истакнувајќи: „Вашиот поттик го должам на фактот дека ѝ служам на руската уметност повеќе од триесет години“.
Наводи
уреди- ↑ Басинский 2005.
- ↑ Циганите сметаат дека е страшно понижување клекнувањето во јавност, освен во посебни ритуални ситуации кога ќе застанат пред постарите роднини, како на пример на свадба.