Мадумско Езеро
Мадумско Езеро или Мадум (на дански: Madum Sø) — најголемо езеро во полуостровот Химерланд во Јиланд, Данска. Езерото зафаќа површина од 2,04 квадратни километри и има длабочина од 7,5 метри во најдлабоката точка. Тоа е важно место станиште на птици и популарно место за капење[1].
Мадумското Езеро, најверојатно е од ледничко потекло, односно настанало и се развило од дупка на ледничка снежна јама - шуплина формирана со топење на ледничкиот мраз, останат од кватернернското ледено доба. Езеро Мадум е прогласено за "Лобелија-езеро", според растението Lobelia dortmanna, што укажува на многу висок квалитет, чистота и бистрина на водата.
Наводи
уреди- ↑ „Madum Sø“. VisitDenmark.com. Посетено на 24 October 2011.[мртва врска]