Мадона во слава со серафими (Ботичели)
Мадона во слава со серафими (италијански: Madonna in gloria di serafini) е слика од италијаскиот ренесансен сликар Сандро Ботичели. Создадена околу 1469 -1470 . Денес е сместена во Уфици во Фиренца.[1].
Творец | Сандро Ботичели |
---|---|
Година | 1469-1470 |
Димензии | 120 см × 65 см |
Место | Галерија Уфици, Фиренца |
Делото спаѓа меѓу првите негови автентични творби од циклусот на Мадона. Ослободен од влијанието на неговиот учител сликарот Филипо Липи, Ботичели, во целост го открива својот стил, со монументално и цврсто сликање на фигурите во просторот.
Ботичели успеал, во ова дело, да ги изрази драматичноста на ликот на Богородица како мајка, која е целосно свесна за Исус и неговите страдањан, поради што го држи заштитнички во нејзините раце.
Неговиот циклус на Мадони, кој што го работел скоро целиот свој живот, можеби е најзначаен и највпечатлив со изразитата чувствителност, лиричност, меланхоличност, мистичност и задлабоченост во одредена ликовна мисла која е вон стилските определби од тоа време, со што Ботичели, е автентичен, оригинален и специфичен во неможноста на одредена естетска компартивистика за тој период. Неговиот сликарски поглед е специфичен и вонвременски.