Магнолиди
Магнолиди | |
---|---|
Цвет на Asimina triloba | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносемени |
Класа: | според системот |
Поткласа: | Магнолиди Новак и Тахтаџјан[1] (W.S. Judd, P.S. Soltis & D.E. Soltis)[2] |
Редови | |
Поткласата Магнолиди (науч. Magnoliidae) припаѓа на одделот на скриеносемените растенија. Вклучува 8 реда, 39 фамилии и околу 11000 видови. Според Кронквистовиот систем, фамилиите вклучени во оваа поткласа покажуваат тенденција на задржување на примитивните одлики и, без разлика на класификацискиот систем, повеќето се сместени во основата на дикотиледоните растенија.
Особини
уредиНајстарите претставници на поткласата, оние од редот Magnoliales, поседуваат најголем број на примитивни особини, кои според некои автори го отсликуваат првобитните скриеносемени (цветни) растенија:
- Дрвенести (или арборесцентни), но поверојатно грмушести растенија на сезонски суви и суптропски живеалишта.
- Листовите им биле прости, зимзелени, целосни, последователни, со мрежеста нерватура, глабрени и веројатно стипулатни
- Цветовите биле единечни, терминални, совршени, актиноморфни. Бројните цветни елементи од овој цвет биле спирално наредени на една издолжена цветна оска:
- Перијантот бил поделен, со мала диференцијација на венчето и чашката.
- Андрециумот бил со многу прашници кои биле широки и ламинарни (без одделни филаменти)
- Гинециумот бил апокарпен и произведувал фоликули.
Цветовите најверојатно биле адаптирани за опрашување со инсекти (ентомофилија), најчесто тврдокрилци.
Наводи
уреди- ↑ Takhtajan, A. (1967). Система и филогения цветкорых растений (Systema et Phylogenia Magnoliophytorum). Moscow: Nauka.
- ↑ Cantino, Philip D.; James A. Doyle; Sean W. Graham; Walter S. Judd; Richard G. Olmstead; Douglas E. Soltis; Pamela S. Soltis; Michael J. Donoghue (2007). „Towards a phylogenetic nomenclature of Tracheophyta“. Taxon. 56 (3): E1–E44. doi:10.2307/25065865. JSTOR 25065865.