Магија на детството
„Магија на детството“ — стихозбирка за деца на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец. Книгата е објавена од Редакцијата за издавачка дејност „александар & александар“ при САНО-МК, во рамките на библиотеката „Допири“ и едицијата „Книги за деца“. Нејзиното издавање било финансиски помогнато од претпријатието „Директ комуникации“. Рецензенти на книгата се Данило Коцевски и Петко Домазетовски. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-49-033-3.[1]
Содржина
уредиЗбирката е поделена на два дела: „Магија на гората“ и „Магија на градот“.[2]
- Магија на градот
- Имам желба што ме крили
- Што е убавата песна
- Зимски гостинчиња
- Чудниот Даме
- Веќе голем!
- Нема доста кој да рече
- Мајстор другар
- За еден Влатко
- Пак ќе се пријатели
- Сонцето генерал
- Прашува внуката Маја
- Алал му вера
- Волшебниот лифт
- Кога семафорот ќе застане
- Солзи радосници
- Тајна љубов
- Земја на чудата
- Современо зајаче
- Споменот на мајка ми
- Што видов
- Магија на гората
- Шумско првенство
- Кавгата на убавите птици
- Се прочул кртот по светот со занаетот
- Лисицата воспитачка
- Жаба капетан
- Зошто грлицата не пее како другите птици
- Кавга
- Чудни се луѓето
- На слава кај мечката
- Градец под стреа
- Насамарено магаре
- Боцливото еже
- Првата шумска фабрика
- Ресторанот крај потокот
- Мајстор за чадори
- Саем на животни
- Навредени мравки ѕидари
- Населбата на птиците
- Како желката ја доби куќата
- Конкурс за калемари
Осврт кон делото
уредиЗбирката е поделена на два тематски дела: во првиот дел поетот претежно се движи во градската средина, додека во вториот дел е опеан чудесниот свет на животните, гората и односите со луѓето. Притоа, авторот се обидува да го претстави градот со неговите возбуди, а природата со нејзините законитости.[3]