Магаза на Кичеевци
Магаза на Кичеевци — магаза во градот Охрид, прогласена за културно наследство на Македонија.[1]
Магаза на Кичеевци | |
---|---|
Приземниот дел на магазата од југозапад | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | магаза |
Адреса | ул. „Цар Самоил“ бр. 8 и 10 |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | 1871 |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Историја
уредиГрадбата е сместена на улицата „Цар Самоил“ бр. 8 и 10, во непосредна близина на плоштадот „Свети Климент Охридски“. Му припаѓа на поновиот тип на камени трговски објекти од европски тип, таканаречените магази, кои почнале да се појавуваат во средината на XIX век како замена за еднокатните дрвени дуќани. Според натписот на плочата, изградена е во 1871 година, но градителот не е запишан.[1] Ова ја прави најстарата позната магаза во градот.[2] Натписот на плочата гласи: „1871 Јованче Кир. Папа Нинков ...“. Му припаѓала на Васе Кичеец.[3]
Архитектура
уредиОбјектот се состои од две магази кои се функционални поврзани — има приземје во југозападниот дел и подрум, приземје и кат во другиот дел. Катот на североисточниот дел е надограден помеѓу двете светски војни и се одликува со особеностите на охридската староградска архитектура. Југозападниот дел е изграден од бигорни блокови, при што за хоризонталните појаси и сводовите над правоаголните отвори е искористена полна тула. Над јужната страна има тимпанон од тули, а триаголните тимпанони на другите две страни се од камен и бигорни блокови. Сите стреи се со профилирани венци од бигор. Во внатрешноста е зачуван оригиналниот таван со сводови од полна тула.[1]
Приземјето на североисточната страна е изградено со наизменични појаси од бигор и полна тула. Врз тоа има хоризонтален венец од профилирани бигорни блокови. Подрумот е од камен, а меѓукатната конструкција е од метални шини и тули. Металните капаци типични за охридските магази се делумно зачувани.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Магаза на ул. „Цар Самуил" бр. 8 и 10“. Управа за заштита на културното наследство. Посетено на 1 септември 2017.[мртва врска]
- ↑ „Конзервација и реставрација на објектот Магаза во Охрид“. OhridNews. 30 јуни 2015. Посетено на 1 септември 2017.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 137.