Лукјановски гробишта (Киев)
Лукјановските гробишта (украински: Лук'янівський цвинтар) се гробишта кои се наоѓаат во Киев, Украина.
Влезот на гробиштата | |
Податоци | |
---|---|
Основани | 1878 |
Место | Киев, Украина |
Земја | Украина |
Координати | |
Тип | јавни |
Големина | 20 хектари |
Околу 230 горбови и надгробни споменици имаат статус на споменици на историјата и уметноста на Украина, заштитени од државата.
Официјално, одлуката за основање на овие гробишта била донесена на 26 јули 1878 година, кога државната дума дала 3 хектари земјиште за оваа намена. Сепак, од 1871 година, овде имало вршено погребални услуги. Со текот на времето, територијата на гробиштата била проширена, за да во 1912 година има повеќе од 30.000 гробници.
На 27 март 1915 година, Градскиот совет на Киев усвоил резолуција според која им бил распределен простор и на католиците, бидејќи на Бајковските гробишта немало повеќе место. До 1917 година, грбиштата биле поделени на 54 дела.
Оваа некропола била создадена како православни гробишта, но овде почиваат импретставници на различни националности, како Руси, Евреи, Французи, Германци, Чеси, Полјаци, Бугари, Унгарци, Грци, Ерменци, Грузијци, Естонци, Турци и други.