Лудвиг II (гроф на Виртемберг-Урах)

Лудвиг II (германски: Ludwig; 3 април 1439, во Вајблинген – 3 ноември 1457, во Урах) — гроф на Виртемберг-Урах, кој владеел од 1450 до 1470 година. Тој бил син на грофот Лудвиг I и Мехтилд од Пфалц.

Лудвиг II
Гроф на Виртемберг-Урах
На престол1450-1457
ПретходникЛудвиг I
НаследникЕберхард I
Роден(а)3 април 1439
Вајблинген
Починал(а)3 ноември 1457
Урах
Полно име
македонски: Лудвиг
германски: Ludwig
ДинастијаДинастија Виртемберг
ТаткоЛудвиг I
МајкаМехтилд од Пфалц
Грбот на домот на Виртемберг-Урах

По поделбата на грофовијата Виртемберг, со Договорот од Ниртинген во 1442 година, тој бил израснат во Урах, главен град на новосоздадената грофовија Виртемберг-Штутгарт. По раната смрт на неговиот татко, Лудвиг I, настанал конфликт околу неговото туторство. На крајот, грофот на Виртемберг-Штутгарт, неговиот вујко Улрих V, добил влијание кон младиот гроф. Конечно Лудвиг II го презел одговорноста за владеење на 14-годишна возраст.

Поради лошото здравје, починал прерано во 1457 година на 18-годишна возраст.