Лох Дерг (Манстер)
Лох Дерг (од ирски: Loch Deirgeirt што значи „пештерата на црвеното око“) — езеро што се наоѓа во јужниот дел на централната рамнина на Ирска на околу 30 км спротиводно од утоката на реката Шанон. Ова езеро со неправилен облик се наоѓа во обликувана делница со ледничка ерозија во долината на Шанон. Тесниот јужен ракав, кој е најдлабок дел од езерото, бил создаден за време на последниот леден период, со набивање на ледот во најјужниот дел од клисурата низ која денес истекува реката од Езерото. Островот во езерото Дерг кој е наречен „Чистилиште на Свети Патрик“, бидејќи се смета дека овој светец на него престојувал во 445 г. од н.е., има верско значење.[1]
Лох Дерг Lough Derg Loch Deirgeirt | |
---|---|
Координати | 52°59′N 8°19′W / 52.983° СГШ; 8.317° ЗГД |
Главни приливи | Шанон |
Главни истеци | Шанон |
Сливни земји | Ирска |
Најг. должина | 38,6 км |
Најг. ширина | 12,9 км |
Површина | 130 км2 |
Прос. длабочина | 7,6 м |
Најг. длабочина | 36 м |
Зафатнина | 0,887 км3 |
Проточност | 0,15 г. |
Брег | 179.000 км |
Надм. височина | 33,5 м |
Населени места | Гарикенеди, Портумна, Килало и Балина, Дроминир, Териглас |
1 Бреговата должина не е добро определена мерка. |
Наводи
уреди- ↑ „International Lake Environment Committee Foundation“. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2011-01-24.