Лолобурмански јазици

јазично семејство

Лолобурмански јазици — огранок на синотибетските јазици застапен во Бурма (Мјанмар) и јужна Кина.

Лолобурмански јазици
Географска
распространетост:
јужна Кина и Југоисточна Азија
Класификација:синотибетски
Гранки:

Имиња

уреди

Сè до околу 1950 г. ендонимот лоло се пишувал со потценувачки кинески знаци и затоа напати се одбегнувал. Шафер (1966–1974) го користел поимот „бурмански“ (Burmic), што го направила и кинеската наука, именувајќи ја групата мјен-ји (што исто така значи „бурмански“).[1]

Можни јазици

уреди

Положбата на наските јазици (мосо) во рамките на семејството е нејасна, и честопати се остава како трета гранка, покрај лолојската и бурманската. Лама (2012) ги смета за огранок на лолојските, додека Гијом Жак предлага дека се работи за ќаншки јазик.

Јазикот пју, кој му претходел на бурманскиот како главен јазик во Бурма, понекогаш се поврзува со лолобурманското семејство, но нема достатни докази за да може да се класификува, и затоа најдобро се води како некласификуван во рамките на синотибетските јазици.

Меѓутоа, се смета дека некласификуваниот јазик мру поверојатно е во сродство со лолобурманските јазици.

Јазикот пајланг, за кој има сведоштва уште од III век е лолобурмански, можеби од лолојската група.

Надворешни односи

уреди

Гијом Жак и Алекси Мишо (2011)[2] се застапуваат за бурмоќаншки огранок со две главни подгранки — на-ќаншка (т.е. наси-ќаншки) и лолобурманска. Слично на ова, Дејвид Бредли (2008)[3] исто така ја предлага источнотибетобурманската гранка, каде спаѓаат двете подгранки на бурманските (т.е. лолобурмански) и ќаншките јазици.

Внатрешна класификација

уреди

Бредли (1997, наведен во Пејрос 1997) ја дава следнава класификација на лолобурманските јазици.

Во смотрата на 36 јазици, Лама (2012) утврдува дека збирот на монѕиските јазици (монѕимаанг, манци–моанг) се разидува. Не ги вклучува мру и угонг.

Лама (2012) распознава 9 јасно одвоени групи во состав на лолобурманскиот огранок, додека пак Бредли смета дека постојат 5 групи (бурмански, јужен нгви, северен нгви, југоисточен нгви и централен нгви).

  1. монѕиски
  2. бурмански
  3. ханојски
  4. лахојски
  5. наски
  6. нусојски
  7. кацојски
  8. лисојски
  9. нисојски

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-11-21. Посетено на 2017-03-20.
  2. Jacques, Guillaume, and Alexis Michaud. 2011. "Approaching the historical phonology of three highly eroded Sino-Tibetan languages[мртва врска]." Diachronica 28:468-498.
  3. Bradley, David. 2008. The Position of Namuyi in Tibeto-Burman.

Библиографија

уреди
  • Bradley, David (1997). "Tibeto-Burman languages and classification". In Tibeto-Burman languages of the Himalayas, Papers in South East Asian linguistics. Canberra: Pacific Linguistics.
  • Bradley, David (2012). „The Characteristics of the Burmic Family of Tibeto-Burman“ (PDF). Language and Linguistics. 13 (1): 171_192. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-11-21. Посетено на 2017-03-20.
  • Huang, Bufan [黄布凡], ed. (1992). A Tibeto-Burman Lexicon (TBL) [藏缅语族语言词汇]. Beijing: Minzu University Press [中央民族学院出版社].
  • Lama, Ziwo Qiu-Fuyuan (2012), Subgrouping of Nisoic (Yi) Languages, thesis, University of Texas at Arlington (archived)
  • Van Driem, George (2001). Languages of the Himalayas: An Ethnolinguistic Handbook of the Greater Himalayan Region. Brill.
  • Yunnan Province Geography Gazetteer Committee [云南省地方志编纂委员会] (1998). Yunnan Province Gazetteer, volume 59: ethnic minority languages and orthographies gazetteer [云南省志卷59: 少数民族语言文字志]. Kunming: Yunnan People's Press [云南人民出版社].
  • Zangmian yuyin he cihui (ZMYYC) [藏缅语语音和词汇] (1991). Beijing: Social Sciences Press [中国社会科学出版社].