Лична мома скопјанка

македонска народна песна

„Лична мома скопјанка“македонска народна песна. Песната е посветена на една убава Скопјанка. Песната е од љубовен карактер.

„Лична мома скопјанка“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина3:31 (Јанко Узунов)
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

Текст уреди

-Лична е од полична, баш самовила,
како сон создадена, букет набрана.
Погледни ја под око, ќе се насмее,
дофати ја за рака, ќе се распее.

Лична мома скопјанка,
ќерка македонска,
росна китка в' градина,
црвен каранфил.

Само да ја погледаш, ќе ја посакаш,
везден да е со тебе, да ја милуваш.
Ајде сите запејте песна весела,
за таа мома убава овде родена.

Лична мома скопјанка,
ќерка македонска,
росна китка в' градина,
црвен каранфил.

Надворешни врски уреди