Липобелковина
(Пренасочено од Липопротеин)
Липобелковините (липопротеини) се биокомплекси, односно сложени белковини чија простетична група е некој липид, како на пример фосфатид, сфингомиелин, холестерол, каротин итн.
Липобелковините кои се наоѓаат во телесните течности (серум, ликвор) се растворени. Еден од најзначајните претставници е β-липобелковината.
Во клеточната мембрана и структурните елементи на клетката (гранулите и митохондриите) се наоѓаат нерастворени липобелковини. Всушност, клеточната мембрана претставува многу сложено граден липобелковински комплекс.
Комплексите на каротините со белковините се обоени липобелковини. Таква белковини е родопсинот (видниот пурпур).
Видови липобелковини
уредиВрз основа на одликите, липобелковините се поделени во неколку групи:
Липобелковина | Големина на честичката (нм) | Концентрација кај мажи (гр/Л) |
Концентрација кај жени (гр/Л) |
---|---|---|---|
Хиломикрони | < 10000 | < 0,1 | < 0,1 |
VLDL - Very Low Density Lipoprotein | 50 | 0,5-2,0 | 0,5-1,5 |
IDL - Intermediate Density Lipoprotein | 30 | ||
LDL - Low Density Lipoprotein | 21 | 2,0-3,5 | 2,0-3,0 |
Липобелковина a - Lp(a) | 25 | 0,01-0,5 | 0,01-0,5 |
HDL - High Density Lipoprotein | |||
HDLE | 12 | <0,05 | <0,05 |
HDL2 | 10 | 0,5-1,0 | 0,5-1,0 |
HDL3 | 8 | 1,0-2,0 | 1,0-2,0 |
VHDL - Very High Density Lipoprotein | 7 | 0,1-0,2 | 0,1-0,2 |