Лив и Меди

американски ситуациска комедија

Лив и Меди (англиски: Liv and Maddie) — американски ситуациска комедија создадена од Џон Бек и Рон Харт и произведена од „It's a Laugh Productions“ за Дизни Канал. Серијата се однесува на Лив и нејзината сестра Меди, и двете се играни од глумицата и пејачка Дав Камерон.[1]

Содржина

уреди

Глумицата Лив Руни штотуку се вратила во својот роден град Стивенс Појнт, Висконсин, по успешното четиригодишно минато во Холивуд, каде глумела во хит ТВ-серијата „Пеј на цел глас!“ Лив е пречекана со раширени раце од нејзината идентична сестра близначка Меди, која се истакнува во кошарката и покрај нејзиниот спортски изглед. Семејството Руни вклучува и двајца помлади браќа: Џои, незгоден тинејџер една година помлад од близначките, и Паркер, палавото најмало дете со остар ум.

Нивните родители се Карен, средношколски психолог, која подоцна станува заменик-директор, и Пити, тренер на кошаркарската средношколска екипа на Меди, кој на крајот зазема положба како тренер на факултетската екипа во Белојт, Висконсин.

Серијата се сосредоточува на обидите на Лив да се вклопи во нормалниот семеен живот по нејзиниот успех во Холивуд, при што повеќето настани се случуваат во семејната куќа Руни или во средното училиште Риџвуд. На крајот на третата сезона, нивната куќа се урива, што ја тера Меди да се пресели во Лос Анџелес на факултет. Како последица на тоа, остатокот од семејството, освен Пити што останува во Висконсин за неговата тренерска работа, се преселува во Малибу, Калифорнија, за да живее со помладата сестра на Карен, Дина, и нејзината ќерка, Руби. Четвртата сезона од серијата е сместена на оваа нова местоположба.

Ликови

уреди

Наводи

уреди
  1. Monica Disare (15. 9. 2013). „Steelers fanatic behind Disney's new series 'Liv and Maddie'. Pittsburgh Post-Gazette. Посетено на 16. 10. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: