Летачка риба

Летачки риби, се риби чии градни перки се мошне развиени и личат на крилја. Тие искокнуваат од водата и летаат, слично на едрилиците, поминувајќи и под триесетина метри, во височина од 2 m над водата.

Брзината што притоа ја постигнуваат е достојна за почит: 50 км/ч.

Слични на овие риби се морските ластовици. И двата вида живеат во тропските краишта, а некои од нив можат да се најдат и во јужниот дел од средоземјето.