Леопард од Рудрапрајаг

Леопардот од Рудрапрајаг се претпоставува дека убил преку 125 луѓе пред да биде убиен од познатиот ловец на големи мачки - Џим Корбет.

Џим Корбет со убиениот леопард од Рудрапрајаг во 1925 година

Во период од 8 години, никој не се осмелувал ноќе да се движи по патот кој ги поврзувал градовите Кенардат и Бадринат (Индија) од страв да не навлезе на територијата на леопардот. Всушност, само неколку селани излегувале од своите куќи. Леопардот бил толку храбар што ги кршел вратите од колибите, скокал преку прозорците или влегувал преку ѕидовите направени од кал или слама. Британскиот парламент побарал помош од Корбет есента 1925 година. Во градот Рудрапрајаг постои и спомен-плоча која го означува местото каде леопардот бил застрелан. Постои и панаѓур кој се одржува во овој град со цел комеморација на убивањето на леопардот, а месното население често го смета Корбет за саду (практикант на јога кој ги постигнал трите цели во животот).

Во медиумите

уреди
  • Ова животно бил главна тема во англискиот телевизиски филм од 2005 година, со име „Леопардот човекојадец од Рудрапрајаг“ (The Man-Eating Leopard of Rudraprayag)[1].

Наводи

уреди