Леон Пајонски
Леон Пајонски (278-250 г. п.н.е.) бил пајонски крал[1]. Леон бил татко на Дропион и најверојатно втор син на пајонскиот крал Авдолеон. На престолот дошол непосредно по навлегувањето и пустошењето од Галите (280/279 г. пр.н.е.). Тој успеал да ја консолидира и да ја возобнови опустошената земја. Неговото име се среќава на еден натпис од Олимпија и ваза од Делфи. Освен тоа, зачувани се и негови монети од бронза.[2]