Леон Морен, свештеникот

„Леон Морен, свештеникот“ (француски: Léon Morin, prêtre) — филм на режисерот Жан-Пјер Мелвил (Jean-Pierre Melville) од 1961 година. Мелвил е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Жан Пол Белмондо (Jean-Paul Belmondo), Емануеле Рива (Emmanuelle Riva), Ирене Тунк (Irène Tunc), Хауард Вернон (Howard Vernon), Фолкер Шлендорф (Volker Schlöndorff), Никол Мирел (Nicole Mirel), Моник Берто (Monique Bertho) и Патриција Гоци (Patricia Gozzi).[1]

Синопсис

уреди

Барни е приврзаничка на марксистичките идеи, но сепак е заинтересирана за религиозната мистика. Затоа, таа оди во црквата и за време на исповедта го провоцира младиот свештеник Леон Морен, но тој е интелигентен и неконвенционален така што е подготвен да разговара на секоја тема. Постепено, Барни станува религиозна, но и се заљубува во Леон, но тој останува доследен на верата и ја одбива нејзината љубов...

Наводи

уреди