Ленови
Linum usitatissimum
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Ленови
Родови

во текстот.

Леновите (науч. Linaceae) се семејство на цветни растенија со космополитско распространување, со околу 250 видови. Постојат осум родови, од кои најголемиот е Linum (лен), со околу 180 до 200 видови.

Морфологија

уреди

Повеќето претставници се тревести или ретко дрвенести, а во тропските региони има и големи дрвја. Простите целокрајни листови се речиси секогаш наспрамни, понекогаш со прилисници.

Цветовите се хермафродитни, актиноморфни (целосно симетрични) и петделни (многу ретко четириделни во тропите). Постојат пет венечни и пет чашкини ливчиња, десет прашници и до десет семки. Семињата се образуваат на пет двоклеточни плодни листови. Цветовите на повеќето култивирани вариетети се темно или светлосини. Но, се среќаваат и бела, виолетова, розова или црвена боја на цветот, што ги прави привлечни украсни растенија. Семињата се сјајни и може да се темнокафеави или жолти.

Систематика

уреди

Во постарите класификациски системи (како Кронквистовиот), оваа фамилија била сместувана во свој посебен ред - Linales. Поновите систематики ја сместуваат во редот Malpighiales. Некои поважни родови од Linaceae се:

Употреба

уреди

Еден вид, Linum usitatissumum, се одгледува поради фибрилите и семињата. Семето е извор на ленено масло и храна.