Легенда за Преспа

На местото на денешното убаво Преспанско Езеро, според легендата се простирало широко плодородно поле. Во близината на ридот имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале. Нивните бистри води биле гордост за цела долина. Навечер кладенчињата со чепови (цифуни) се затворале.

Преспанска Котлина

Во тоа време, две племиња, непрестајно војувале за убавата долина. Ќерката на кнезот од едното племе Преспа, била многу убава. Таа секоја вечер одела под ридот, до кладенчињата, по вода. Еднаш, кај кладенчињата Преспа го видела синот на кнезот од другото племе. Нивните погледи се сретнале. Срцата им затрепериле. Се родила љубов. Оттогаш, младите почнале скришум да се сретнуваат. Една вечер, младиот син на кнезот кој се викал Лабид, ја чекал убавицата недалеку од кладенчињата. Таа стрчала, неосетно му се приближувала убвата девојка, лесна како срна. Таа стрчала, намерно ги извадила седумте чепа од кладенчињата и водата бликнала на долж и шир по долината... Кога ја видел младичот, со неколку скока ѝ го попречил патот и се нашле лице в лице ... Се фатиле за раце и тргнале кон ридот. Се качиле на врвот. Се прегрнале и паднале во љубовна игра. Шумолењето на водата и љубовната игра ги успала двајцата млади. Кога се разбудиле, во раните зори, пред нивните очи светнало едно сиво-зеленикаво езеро ... Дотогаш, стражарите на двете племиња ги известиле своите кнезови за покачувањето на нивото на водите и тие, племињата тргнале на пат - едното тргнало на југ, а другото се населувало во полите на Галичица... Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, му рекол:

"Сега нема за што да војуваат нашите племиња!" Младите стапиле во брак, а настанатото езеро, во чест на убавицата се нарекло Преспанското Езеро а населбата околу него го добила името Преспа.

Друга легенда за Преспа

уреди

Во градот Преспа живеел богат трговец кој имал ќерка-единка. Девојката била на 15-16 години, со убави очи, руса коса, и достојна става.

Нејзината убавина, носијата и раскошниот накит ја правеле уште попривлечна, секој што ќе ја видел го запленувала, таа била гордост на родителите, како и на градот. Кога нејзините родители биле најбогати и најсреќни, таа умрела.

Градот и приредил величествен закоп, облечена во свила, со многу злато и сребро која целата ја обвиваа во сјај.

Двајца од гробарите се договориле вечерта да ја откопаат мртвата, и да ги земат сите скапоцености.

Ја исфрлиле земјата ја извадиле, и ја скриле во црквата, вечерта на сон им се јавила..и ги молела да и го вратат нејзиното..утредента пак заминале во црквата со цел да и го извадат златниот синџир од вратот, но тој не се кинел, решиле да и го пресечат вратот..

Таа паднала, и се разбудила, кога виделе гробарите се исплашиле..

Постариот рекол да ја погубат..таа паднала на колена за милостина..помалиот се нажалил и и рекол, ќе се викаш Преспа од денес, зошто ти не беше мртва, туку преспа, заколни се дека никому нема да говориш за ова..таа се согласила, ја продале како робинка на некој трговец...од тогаш градот го носи името Преспа.

elijah (разговор) 19:41, 12 мај 2013 (CEST)

Овој корисник е член на вики-проектот
БИКМ 2013