Лебедовата принцеза

Лебедовата принцеза (руски: Царевна-Лебедь) е уметничка слика од рускиот уметник Михаил Врубељ од 1900 година, нацртана врз основа на операта „Приказна за царот султан“ од страна на Николај Римски-Корсаков (кој се заснова на бајката на истото име од страна на Пушкин). Врубељ ги осмислил и украсил костимите за оваа опера. Дел од операта Лебедовата ппринцеза била изведена од страна на неговата сопруга, Надежда Забела - Врубељ.

Лебедовата принцеза
Творец Михаил Врубељ
Година 1900
Вид Масло на платно
Димензии 142.5 см × 93.5 см
Место Третјаковска Галерија, Москва

Историја

уреди

Врубељ црпел инспирација за овој дел од операта на Сава Мамонтов која премиерно била изведена на 21 декември 1900, каде тој бил костимограф - дизајнер за операта, додека неговата сопруга одиграла дел од Лебедовата Принцеза. Сепак, лицето на Лебедовата Принцеза во сликата не потсетува на неговата брачна другарка, како што било потврдено со фотографија направена во времето кога операта била прикажана.

Ликовниот критичар Николај Прахов изнел мислење дека сликата е нацртана по ликот на неговата сестра, Елена Прахова. Можно е Врубељ да нацртал спој на ликовите на Елена и неговата сопруга, или непозната љубовничка. Уметникот го насликал ова дело на фармата на неговите родители во Черниговската област, во денешна Украина, во летото на 1900 година.